Вечерва стартува најзначајниот континентален турнир. 18 години по Мундијалот во Франција, истата земја повторно едномесечен домаќин на атрактивен фудбалски настан - Европското првенство. 24 репрезентации од стариот континент добиваат шанса да блеснат. Шпанија, со сепак возможни изгледи да ја одбрани титулата и да врзе досега невиден европски успех; Германија во обидот со последователна титула од СП и ЕП да се зацементира на врвот за уште две години; Франција со големите очекувања од младиот состав, најнадежен во последнава декада; или можеби помалку очекуван шампион? Ваши прогнози, фаворити, коментари и впечатоци од натпреварите во оваа тема.
Па вака сега,денес не можам да го гледам зошто утре полагам екстерно,а многу ми е криво,ама утре бездруго ќе ги гледам натпреварите. Инаку фаворити ми се Германија,Италија и Полска.Според мене Германија,Шпанија,Италија,Франција,Белгија,Англија,па и Русија имаат најголеми шанси да станат шампиони,така што ако стане една од нив не е ништо чудно.А може да се случи и изненадување. Мислам дека ова ќе биде многу интересно првенство.
Франција вчера иако победи не покажа некоја игра но сепак само прв натпревар им беше, го носат притисокот на домаќини и едни од фаворитите како такви. Ќе ги видиме понавака. Инаку јас стандард за Маншафтот
Јас сум за Русија иако вечерва само се бранеа мило ми е нерешено што излезе. Ѕирнав од сите натпревари колку што можев, планирам сите да ги изгледам.
Турција -Хрватска Не ги сакам Хрватите, осекувам Турциве да се покажат ги немаше на големиве збиднувања одамна или мене така ми се чини. Дали ќе им се одмаздат хрвативе за елиминацијата на пенали во 2008. Очекувам најдобра утакмица досега.
Хрвативе не да ме изненадија, се запрепастив. Одлична игра. Ќе ги видиме со Шпанците. Туку јас едвај ја чекам Белгија- Италија, да видиме во каква форма се второрангираните на Фифа. Делуваат како голем фаворит.
Чек прво утре Шпанциве да видиме како ќе изиграат, ама мислам дека ќе биде многу тесна утакмица. Нема да биде изненадување ако е нерешено.
Навивам за Италија од која очекувам да не ја играат онаа нивна претпознатлива затворена игра со сите играчи во одбрана и да чекаат шанса за гол преку контра напади.Очекувам да играат поактивно на средината од теренот со повеќе додавања и да ствараат повеќе гол акции.Се надевам дека на ова првенство ке играат напаѓачки фудбал иако не ми се допаѓа баш изборот на играчи на Конте али ке стискам палци би сакал да ги видам во финалето не е интересно све Шпанците да играат финалиња .
88' недосуден пенал за Украина. Хрватите се одлични, многу ме бендиса нивната игра денес, ама реализацијата не им е најјака страна. Ќе им биде проблем понатаму веројатно.