Егзорцизам

Discussion in '„Другата“ наука' started by thelittle17, Aug 19, 2011.

  1. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Joined:
    Jul 19, 2011
    Messages:
    232
    Likes Received:
    101
    Е од каде па сега лицата со епилепсија доживувале паранормални појави? Прв пат слушам, точно е дека се јавуваат повеќе психолошки промени, ама веќе ако почне нешто да им се причинува за тоа треба во многу поодминат стадиум да се и болеста со години да не се лечела, што денес не се ни случува. Лесно е вака да зборувате на форум за болеста и податоците да ги гуглате од некаде каде секој може да си напише што сака, па да ги прекажувате тука, ама тешко е кога некој живее со болеста и тој најдобро си ги знае симптомите. А не сега ќе слушам овде дека епилептичарите се ментално пореметени луѓе кои гледаат духови и ѓаволи што не држи вода, халуцинирале баба роги ц, тешко тој со маката, било да е епилептишар или со некој психички проблем, таа мака е многу поозбилна од приказни за демони и баба рога
     
    MonnaSi and thelittle17 like this.
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Joined:
    Aug 31, 2010
    Messages:
    3,749
    Likes Received:
    8,670
    Gender:
    Female
    Незначи дека секој болен од епилепсија е ментално заболен.. само се тера според тие критериуми..
    додека не се осети на своја кожа како е да се живее со болен нема да се знае.. а секој свашта може да претпоставува и кажува.
     
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Joined:
    Jul 1, 2011
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    15,997
    Gender:
    Female
    Е значи нај што мразам е кога некој толку буквално се фаќа за зборови, како слеп за стап да не речам. |(
    Значи зборот беше што девојчето веднаш беше нападнато, демек таа е глупава што спомнала епилепсија, одма предавања дрн дрн.
    Мање битно.
    За некои работи сум дудук, ама за психологија, тешко...
    Впрочем, првобитно епилепсијата била и толкувана како најјасен знак за опседнатост со демони и многу лица со симптоми на епилепсија биле врзувани и врз нив биле извршувани непотребни егзорцизми кои понекогаш завршувале и фатално поради гушење. Но и тоа сега е небитно кога веќе е јасно дека болеста нема врска со никакви демони и духови, сепак, тоа било сфаќано како Божја волја и дека на лицето му немало спас од демонот што го опседнувал. Но тоа е старо сфаќање, кое сега е веќе и бизарно да се спомне.
    The thing is: Никој, никаде не спомна дека лицата кои патат од епилепсија се халуцинатори, ментално заостанати или што ти знам, но не е точно дека истите тие лица се демек лишени од халуцинации. Секого со најздрав разум може да го снајде тоа.
    Психомоторната епилепсија го погаѓа неокортексот во кој се сместени сензори за перцепција, моторни центри, центри за говор, свест и свесно размислување итн. А кога личноста не перципира и ако центарот за свест и` се поремети, може да дојде до било каков вид халуцинации (во нашиов случај: „паранормални“), но и не мора. И тоа е целата филозофија на „поврзаноста“ на епилепсијата со опседнатоста, кои сепак, на денешно време е бизарно да се поврзат за такво нешто.
    И браво сега, шпанско село се откри, ајде на сите по еден локум да ни дадат, гаќите во раце и дома. :clap:
    И се извинувам за целосен оф топик. Нека ја сега епилепсијата на страна, тоа е само медицински гледано. Спиритуално, во никој случај не може да се декларира како симптом на демонска посесивност, а токму она спиритуалното е интересно во врска со егзорцизмите.
     
  4. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Joined:
    Aug 13, 2011
    Messages:
    206
    Likes Received:
    123
    Јас пак се занимавам со епилепсијата , за жал од поодамна , не дека сакам и многу факти ми се познати . Ти Калиопe велиш не сакаш некој за збор да се фаќа , а ти прва се фати за eден збор и тоа за мојот . Прво и прво никој не го направи девојчето глупаво , јас немав таква намера , и второ се ова што го пишуваш сега за епилепсијата и за халуцинирањето , јас цело време истото го кажувам , и трето и трето ^Октавија пак ќе се навратам на темата и на егзорцизмот со цел да појаснам дека епилептичарите НЕ ГЛЕДААТ ДЕМОНИ и не се луди , до Бога , туку егзорцизам бил практикуван над нив од сосема други причини и мислењето дека се опседнати со такви сили , па затоа им треба прочистување , што се докажа дека не е точно , да беше така , медицината немаше да може да ја контролира болеста , за што гледам дека сите се согласуваме и јас не мислам дека се големи шансите баш некој епилептичар да халуцинира , и баш за паранормални појави да халуционира , и за крај локум за мене не треба , не сум многу по локумот и ајде темава ќе оди во ептен погрешна насока ако продолжиме
     
    thelittle17 likes this.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    3,753
    Likes Received:
    3,732
    Не верувам во ова... иако сум гледала повеќе филмови со ваква тематика и признавам дека беа језиви. Но јас мислам дека сето тоа е производ на некое тешко психичко нарушување. Можеби и има нешто, којзнае... но јас не верувам и можеби така е подобро.
    А во врска со епилепсијата, да навистина многу од симптомите се слични, но не верувам дека овие две работи се толку тесно поврзани.
     
    thelittle17 likes this.
  6. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Joined:
    Jun 22, 2011
    Messages:
    377
    Likes Received:
    98
    би ви препорачала да не се занимавате со подлабоко проучување на вакви работи.
    луѓе да веруваме само во тоа што ни го кажал семоќниот
     
  7. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Joined:
    Aug 31, 2010
    Messages:
    3,749
    Likes Received:
    8,670
    Gender:
    Female
    Адела отворено е како тема за дискусија и секој си кажува свое мислење..
    Крејзиинлов- во никој случај немааат поврзаност овие две работи една со друга ..
     
    oktavija likes this.
  8. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Joined:
    Jan 20, 2012
    Messages:
    341
    Likes Received:
    419
    Кога читав за Анелис Мишел мислам дека мочнав од страв. Истотака и кога го гледав филмот за Емили Роуз. Искрено, верувам дека вакви работи постојат.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Ако разбирате германски(или обидете се со гугл транслејт), има еден интересен текст од поранешен протестантски теолог кој дава критички осврт врз егзорцизмот, наведувајќи го последниот случај на егзоцизам спроведен во Германија 1975/76 год.
    Текстот носи наслов: Зошто Анализе Михел мораше да умре? - и вината ја наоѓа не кај божемните демони, туку кај самата црква и нејзината догма за божемното вечно проклетство. Попрво се таквите свештеници-егзорцисти запоседнати од ѓаволот отколку оние врз кои се врши егзорцизам.

    http://www.theologe.de/theologe9.htm


    преглед на содржината:

    - Емотивното трауматизирање на Анализе Михел - „Ти си проколната, ти си проколната, ти си проколната„ - „Мајката Божја„ и змијата - Самообвинување и пристанокот за егзорцизам - Ритуалот започнува - Запоседната, хистерична или хипнотизирана? - „Демоните„ не сакаат во пеколот - Анализе Михел една жртва на догмата за вечното проклтество - Католичкиот егзорцизам нема ништо заедничко со Исус - Религија на смртта - Реинтерпретација на хагиографијата - Индиректното усмртување - Резултатите од аутопсијата - Лагите на бискупот и последиците - Што знаеше Јозеф Рацингер (сегашниот папа Бенедикт) ?
     
  10. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Joined:
    Jan 23, 2013
    Messages:
    117
    Likes Received:
    50
    Погледнете го филмов.Во врска со егзорцизмот е.Татко ми,ми кажа дека во Швајцарија гледал како го протеруваа демонот на една жена и ја баш го гледав филмот ама после ми беше страв и прекинав,но по некое време го изгледав цел.А и филмов е базиран врз вистинска прича :devil:
    http://www.filmovizija.com/sa-prevodom-online/the-exorcism-of-emily-rose-2005-video_3389e7d58.html
     
  11. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2012
    Messages:
    559
    Likes Received:
    160
    Ееј во ова ли верувате? :lol: Нема вакви работи, сепак многу е филмски ;)
     
    Mentalna85 likes this.
  12. Pirana

    Pirana Популарен член

    Joined:
    Mar 25, 2012
    Messages:
    612
    Likes Received:
    1,507
    Јас како и при секоја ситуација, прво размислувам и согледувам кој може да добие и изгуби најмногу од истата.
    Знаејќи каква улога играла црквата во минатото, фамата и страв од демони – повеќе верници, а повеќе верници носат повеќе пари и моќ на религиозната институција.
    Девојкава Анелиз Мишел била тежок католик, бајаги посветена на религијата и во неа имало демони бидејќи таа самата ги родила во својата потсвест. Со помислата дека постојат демони, креираш демон во себе. Колку повевќе му посветуваш внимание (семејство, доктори, попови) тој повеќе ги зацврстува темелите во твојата потсвест. `Тој` е одвоен лик и создаден од самата индивидуа, кој не постои надвор од тебе. А идеалните услови за да се создаде истиот се шизофренија, епилепсија и перење на мозок од страна на црквата (за да постојат – мора да веруваш во нив).

    Друг факт, кој според мене е занемарен, е тоа што мајката на Анелиз родила многу болно дете кое починало (асоцира на некоја генетска/хромозомска патија), а медицината во тоа време била непозната работа (ДНК анализа би дала одговори на овие прашања). Ја поврзувам со шизофренијата, бидејќи има теории дека претставува наследна болест, а вирусите се едни од главните фактори за нејзината појава.
    Важен е и фактот дека симптомите се појавуваат во рана младост (15-25 години) точно во години на кои се појавува Хебренифренската Шизофренија (симптомите на овој вид шизофренија се јавуваат кај дотичнава).

    Во врска со јазиците и имињата на демоните, прво прашање: Од каде се знае што му зборела она на попот? Да не имало некој што бил таму (освен свештеник) и водел евиденција што зборува и на кој јазик додека и правеле егзорицизам?
    Ако ги приметивте имињата на демоните, можат слободно да се поврзат со нејзината преокупација и опседнатост со доброто и злото (верска припадност – католик). А и да кажала имиња на демони, дали тоа значи дека навистина има демони во неа???
    Ако јас трчам низ населба или околу зграда и урлам дека во мене се наоѓа баба рога, Херкулес или Тарзан дали тоа значи дека сум опседната?

    Делот со јазиците, Латинскиот (најверојатно присетувања од фрази учени во црква или слично), Германскиот (стандарден јазик) а сите останати се симптоми на неологизми (типични звуци на мозокот кои немаат врска со некој јазик).
    Има луѓе кои се будат од кома и зборуваат на јазик со акцент кој никогаш не го изучувале, и сега што значи тоа???

    Докторите добро ја класифицирале како психотик, а она побарала `алтернатива` бидејќи не и поминало од лековите (психички заболувања од типот на шизофренија се лечат доживотно, а не по принцип `клукај апчиња една недела и готово...`). И нормално дека лекарите ќе дадат одобрување на таквиот нејзин избор да биде подложена на егозрицизам (не дека она била нешто посебно).

    А и иронично е тоа што дел од душевните болести кај католициве се последица од педофилско малтретирање од страна на свештениците. Па можеби некој од тие што и ги `ставил` демониве на дотичната, бил еден од тие што и ги `вадел` со егозирцизам.

    За сите кои мислат дека се `опседнати` од ѓаволи, демони, џинови оваа интервенција е додавање масло на оган, и ако не се свестиш на време и побараш стручна помош, и да не си – ќе станеш шизофреник.

    Денес, случајот со Анелиз Мишел би бил перфектен психијатричен пример за Шизофреник, а Анелиз – дефиниција на пациент од шизофренија.
     
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2012
    Messages:
    1,431
    Likes Received:
    3,485
    Грешно е името на темава :!: ,по правило треба да биде Егзорцизам

    Верувам во такви работи а еве и еден пример таков :(

    http://www.youtube.com/watch?v=5g1KN3BRt6E
     
  14. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Joined:
    Mar 29, 2012
    Messages:
    180
    Likes Received:
    141
    Gender:
    Female
    Се е до психата демони не постојат,јас и маж ми веруваме во само виденото,во невиденото не.
     
  15. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Joined:
    Jan 25, 2013
    Messages:
    235
    Likes Received:
    381
    Gender:
    Female
    Јас верувам во ова, дефинитивно. На секого може да му се случи, да велиме само не дај Боже, а кој не верува, нека не верува. Секој има право на свое мислење.
     
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2012
    Messages:
    1,431
    Likes Received:
    3,485
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,358
    Нели поповите што одат по куќи да светат вода всушност вршат нешто како генералка егзорцизам :^)
    Темата е за психологија исто колку и за во Дом, средства за чистење дебата пример. Без разлика колку ви се чисти завесите ако поп не дојде да истера зли сили од дома -џабе.
     
    jovanovska94 likes this.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,802
    Likes Received:
    80,555
    Gender:
    Female
    Јас верувам во таква опседнатост од демони и во егзорцизам. Ако не се лажам, филмот The exorcism of Emily Rose е снимен според вистински настан. Само не ми е јасно тоа како вакви случаи имало во некое друго време, во минатото а не сега. Всушност, денес таквите сомнителни луѓе ги затвораат во психијатриски болници, премногу сме модерни за да веруваме во опседнатост, тоа веднаш се препишува на психата. Во Русија имаше еден таков случај изминатава година, не можам да го најдам видеото да ви го приложам, човек беше затворен во лудница но безбедносните камери имаа забележано нешто многу чудно во собата негова, имаше некои паранормални сили кои најпрво го плашеа а потоа го опседнуваа. Кутар човек, низ која агонија поминуваше...
     
  19. СноуБол90

    СноуБол90 Истакнат член

    Joined:
    Nov 17, 2017
    Messages:
    302
    Likes Received:
    855
    Gender:
    Female
    Има ли некој доживеано да види како личи егзорцизмот? Или доживеано на своја кожа?
     
  20. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Joined:
    Jun 25, 2017
    Messages:
    6,664
    Likes Received:
    8,205
    Gender:
    Female
    Imase na YouTube videa za egzorcizam