Е од каде па сега лицата со епилепсија доживувале паранормални појави? Прв пат слушам, точно е дека се јавуваат повеќе психолошки промени, ама веќе ако почне нешто да им се причинува за тоа треба во многу поодминат стадиум да се и болеста со години да не се лечела, што денес не се ни случува. Лесно е вака да зборувате на форум за болеста и податоците да ги гуглате од некаде каде секој може да си напише што сака, па да ги прекажувате тука, ама тешко е кога некој живее со болеста и тој најдобро си ги знае симптомите. А не сега ќе слушам овде дека епилептичарите се ментално пореметени луѓе кои гледаат духови и ѓаволи што не држи вода, халуцинирале баба роги ц, тешко тој со маката, било да е епилептишар или со некој психички проблем, таа мака е многу поозбилна од приказни за демони и баба рога
Незначи дека секој болен од епилепсија е ментално заболен.. само се тера според тие критериуми.. додека не се осети на своја кожа како е да се живее со болен нема да се знае.. а секој свашта може да претпоставува и кажува.
Е значи нај што мразам е кога некој толку буквално се фаќа за зборови, како слеп за стап да не речам. Значи зборот беше што девојчето веднаш беше нападнато, демек таа е глупава што спомнала епилепсија, одма предавања дрн дрн. Мање битно. За некои работи сум дудук, ама за психологија, тешко... Впрочем, првобитно епилепсијата била и толкувана како најјасен знак за опседнатост со демони и многу лица со симптоми на епилепсија биле врзувани и врз нив биле извршувани непотребни егзорцизми кои понекогаш завршувале и фатално поради гушење. Но и тоа сега е небитно кога веќе е јасно дека болеста нема врска со никакви демони и духови, сепак, тоа било сфаќано како Божја волја и дека на лицето му немало спас од демонот што го опседнувал. Но тоа е старо сфаќање, кое сега е веќе и бизарно да се спомне. The thing is: Никој, никаде не спомна дека лицата кои патат од епилепсија се халуцинатори, ментално заостанати или што ти знам, но не е точно дека истите тие лица се демек лишени од халуцинации. Секого со најздрав разум може да го снајде тоа. Психомоторната епилепсија го погаѓа неокортексот во кој се сместени сензори за перцепција, моторни центри, центри за говор, свест и свесно размислување итн. А кога личноста не перципира и ако центарот за свест и` се поремети, може да дојде до било каков вид халуцинации (во нашиов случај: „паранормални“), но и не мора. И тоа е целата филозофија на „поврзаноста“ на епилепсијата со опседнатоста, кои сепак, на денешно време е бизарно да се поврзат за такво нешто. И браво сега, шпанско село се откри, ајде на сите по еден локум да ни дадат, гаќите во раце и дома. И се извинувам за целосен оф топик. Нека ја сега епилепсијата на страна, тоа е само медицински гледано. Спиритуално, во никој случај не може да се декларира како симптом на демонска посесивност, а токму она спиритуалното е интересно во врска со егзорцизмите.
Јас пак се занимавам со епилепсијата , за жал од поодамна , не дека сакам и многу факти ми се познати . Ти Калиопe велиш не сакаш некој за збор да се фаќа , а ти прва се фати за eден збор и тоа за мојот . Прво и прво никој не го направи девојчето глупаво , јас немав таква намера , и второ се ова што го пишуваш сега за епилепсијата и за халуцинирањето , јас цело време истото го кажувам , и трето и трето ^Октавија пак ќе се навратам на темата и на егзорцизмот со цел да појаснам дека епилептичарите НЕ ГЛЕДААТ ДЕМОНИ и не се луди , до Бога , туку егзорцизам бил практикуван над нив од сосема други причини и мислењето дека се опседнати со такви сили , па затоа им треба прочистување , што се докажа дека не е точно , да беше така , медицината немаше да може да ја контролира болеста , за што гледам дека сите се согласуваме и јас не мислам дека се големи шансите баш некој епилептичар да халуцинира , и баш за паранормални појави да халуционира , и за крај локум за мене не треба , не сум многу по локумот и ајде темава ќе оди во ептен погрешна насока ако продолжиме
Не верувам во ова... иако сум гледала повеќе филмови со ваква тематика и признавам дека беа језиви. Но јас мислам дека сето тоа е производ на некое тешко психичко нарушување. Можеби и има нешто, којзнае... но јас не верувам и можеби така е подобро. А во врска со епилепсијата, да навистина многу од симптомите се слични, но не верувам дека овие две работи се толку тесно поврзани.
би ви препорачала да не се занимавате со подлабоко проучување на вакви работи. луѓе да веруваме само во тоа што ни го кажал семоќниот
Адела отворено е како тема за дискусија и секој си кажува свое мислење.. Крејзиинлов- во никој случај немааат поврзаност овие две работи една со друга ..
Кога читав за Анелис Мишел мислам дека мочнав од страв. Истотака и кога го гледав филмот за Емили Роуз. Искрено, верувам дека вакви работи постојат.
Ако разбирате германски(или обидете се со гугл транслејт), има еден интересен текст од поранешен протестантски теолог кој дава критички осврт врз егзорцизмот, наведувајќи го последниот случај на егзоцизам спроведен во Германија 1975/76 год. Текстот носи наслов: „Зошто Анализе Михел мораше да умре?„ - и вината ја наоѓа не кај божемните демони, туку кај самата црква и нејзината догма за божемното вечно проклетство. Попрво се таквите свештеници-егзорцисти запоседнати од ѓаволот отколку оние врз кои се врши егзорцизам. http://www.theologe.de/theologe9.htm преглед на содржината: - Емотивното трауматизирање на Анализе Михел - „Ти си проколната, ти си проколната, ти си проколната„ - „Мајката Божја„ и змијата - Самообвинување и пристанокот за егзорцизам - Ритуалот започнува - Запоседната, хистерична или хипнотизирана? - „Демоните„ не сакаат во пеколот - Анализе Михел една жртва на догмата за вечното проклтество - Католичкиот егзорцизам нема ништо заедничко со Исус - Религија на смртта - Реинтерпретација на хагиографијата - Индиректното усмртување - Резултатите од аутопсијата - Лагите на бискупот и последиците - Што знаеше Јозеф Рацингер (сегашниот папа Бенедикт) ?
Погледнете го филмов.Во врска со егзорцизмот е.Татко ми,ми кажа дека во Швајцарија гледал како го протеруваа демонот на една жена и ја баш го гледав филмот ама после ми беше страв и прекинав,но по некое време го изгледав цел.А и филмов е базиран врз вистинска прича http://www.filmovizija.com/sa-prevodom-online/the-exorcism-of-emily-rose-2005-video_3389e7d58.html
Јас како и при секоја ситуација, прво размислувам и согледувам кој може да добие и изгуби најмногу од истата. Знаејќи каква улога играла црквата во минатото, фамата и страв од демони – повеќе верници, а повеќе верници носат повеќе пари и моќ на религиозната институција. Девојкава Анелиз Мишел била тежок католик, бајаги посветена на религијата и во неа имало демони бидејќи таа самата ги родила во својата потсвест. Со помислата дека постојат демони, креираш демон во себе. Колку повевќе му посветуваш внимание (семејство, доктори, попови) тој повеќе ги зацврстува темелите во твојата потсвест. `Тој` е одвоен лик и создаден од самата индивидуа, кој не постои надвор од тебе. А идеалните услови за да се создаде истиот се шизофренија, епилепсија и перење на мозок од страна на црквата (за да постојат – мора да веруваш во нив). Друг факт, кој според мене е занемарен, е тоа што мајката на Анелиз родила многу болно дете кое починало (асоцира на некоја генетска/хромозомска патија), а медицината во тоа време била непозната работа (ДНК анализа би дала одговори на овие прашања). Ја поврзувам со шизофренијата, бидејќи има теории дека претставува наследна болест, а вирусите се едни од главните фактори за нејзината појава. Важен е и фактот дека симптомите се појавуваат во рана младост (15-25 години) точно во години на кои се појавува Хебренифренската Шизофренија (симптомите на овој вид шизофренија се јавуваат кај дотичнава). Во врска со јазиците и имињата на демоните, прво прашање: Од каде се знае што му зборела она на попот? Да не имало некој што бил таму (освен свештеник) и водел евиденција што зборува и на кој јазик додека и правеле егзорицизам? Ако ги приметивте имињата на демоните, можат слободно да се поврзат со нејзината преокупација и опседнатост со доброто и злото (верска припадност – католик). А и да кажала имиња на демони, дали тоа значи дека навистина има демони во неа??? Ако јас трчам низ населба или околу зграда и урлам дека во мене се наоѓа баба рога, Херкулес или Тарзан дали тоа значи дека сум опседната? Делот со јазиците, Латинскиот (најверојатно присетувања од фрази учени во црква или слично), Германскиот (стандарден јазик) а сите останати се симптоми на неологизми (типични звуци на мозокот кои немаат врска со некој јазик). Има луѓе кои се будат од кома и зборуваат на јазик со акцент кој никогаш не го изучувале, и сега што значи тоа??? Докторите добро ја класифицирале како психотик, а она побарала `алтернатива` бидејќи не и поминало од лековите (психички заболувања од типот на шизофренија се лечат доживотно, а не по принцип `клукај апчиња една недела и готово...`). И нормално дека лекарите ќе дадат одобрување на таквиот нејзин избор да биде подложена на егозрицизам (не дека она била нешто посебно). А и иронично е тоа што дел од душевните болести кај католициве се последица од педофилско малтретирање од страна на свештениците. Па можеби некој од тие што и ги `ставил` демониве на дотичната, бил еден од тие што и ги `вадел` со егозирцизам. За сите кои мислат дека се `опседнати` од ѓаволи, демони, џинови оваа интервенција е додавање масло на оган, и ако не се свестиш на време и побараш стручна помош, и да не си – ќе станеш шизофреник. Денес, случајот со Анелиз Мишел би бил перфектен психијатричен пример за Шизофреник, а Анелиз – дефиниција на пациент од шизофренија.
Грешно е името на темава ,по правило треба да биде Егзорцизам Верувам во такви работи а еве и еден пример таков http://www.youtube.com/watch?v=5g1KN3BRt6E
Јас верувам во ова, дефинитивно. На секого може да му се случи, да велиме само не дај Боже, а кој не верува, нека не верува. Секој има право на свое мислење.
Нели поповите што одат по куќи да светат вода всушност вршат нешто како генералка егзорцизам Темата е за психологија исто колку и за во Дом, средства за чистење дебата пример. Без разлика колку ви се чисти завесите ако поп не дојде да истера зли сили од дома -џабе.
Јас верувам во таква опседнатост од демони и во егзорцизам. Ако не се лажам, филмот The exorcism of Emily Rose е снимен според вистински настан. Само не ми е јасно тоа како вакви случаи имало во некое друго време, во минатото а не сега. Всушност, денес таквите сомнителни луѓе ги затвораат во психијатриски болници, премногу сме модерни за да веруваме во опседнатост, тоа веднаш се препишува на психата. Во Русија имаше еден таков случај изминатава година, не можам да го најдам видеото да ви го приложам, човек беше затворен во лудница но безбедносните камери имаа забележано нешто многу чудно во собата негова, имаше некои паранормални сили кои најпрво го плашеа а потоа го опседнуваа. Кутар човек, низ која агонија поминуваше...