1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емотивна уцена

Дискусија во 'Врски' започната од Gea, 10 октомври 2011.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Типично за шпанските, турските и индиските серии, меѓутоа често се случува и во секојдневната реалност.
    Наплив на емоции, од обични солзи до хистерични испади. Дали некогаш ви се случило да се расплачете пред партнерот се со цел да го добиете она што го сакате од него? И обратно, дали некогаш сте биле во ситуација, партнерот да плаче пред вас, наметнувајќи ви чувство на сожалување и вина, притоа сакајќи на тој начин да го добие она што го сака или да ја „спаси“ врската од раскинување?
     
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Ми се случило. И сум се расплакала на сила исто и партнерот. Но ништо не бидна од таа врска. Јас емотивната уцена ја рамнам со манипулацијата. :)
     
  3. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    ми се случило и понекогаш доаѓам до ситуации за кои кога со бистра глава размислувам се каам, али штачеш млади бесни години .... :lol:
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш се обидувам со добро да извадам од него што сакам. Мразам плачење, лигавење и сл, ме нервира ужасно. Он да проба со цимолење да извади нешто од мене, веројатно никогаш нема да го добие. За среќа го знае ова па не се ни обидува. :)
     
  5. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    одекогаш сум си велела дека со плаЧки и со викање и нервози ништо не се добива, само полошо за тебе.
    кога сакам да плаЧам го правам тоа никој да не види а не пред него или пред x луге.
    се е до карактер, ако сакам да добијам нешто го правам на убав наЧин со разговор итн, никогаш не судам и не препукувам на другите и за другите.
    многу ми е мило сепак што имам Човек до мене кој во секој можен проблем или нешто слиЧно не се дере и не препукува туку тоа го кажува на цивилизиран наЧин, тоа го науЧив од него и сум му многу благодарна за тоа и за останатото.
    плус не изгледа убаво од страна, па добро и доколку некој го прави тоа, планира да продолжува напред и напред се со тој пример или? не сваќам, јас мислам дека секој нормален Човек до себе сака смирена девојка, а не за секоја работа или најмала ситница да направи хаос за да и биде купено или друга x приЧина.
    и би ја употребила овде реЧеницата
    смиреноста железни врати отвара.
     
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Уф, ми се случило, и не сакам ни да се присетам на тоа....Не емотивна уцена, тоа што ми го правеше бившиот беше емотивна тортура :o Одеше до екстремности скоро за се. Мислеше дека со тоа што ќе покажува слабост пред мене ќе го сакам повеќе (демек не го сакав :^) ), па да го сожалам и да не го оставам никогаш. Сакаше по секоја цена да ја спаси врската. Будалата кога бевме на одмор ме натера да влеземе во дворот на една црква и таму да сум му ветела дека нема никогаш да го оставам, демек нема да смеам пошто пред Господ сум го ветила тоа (а јас еден верник....хммм :D ). На секоја најситна кавга се филмаше и плашеше дека ќе раскинеме, па ми плачеше на телефон. На крај кога виде дека ќе раскинеме почна дури да ми збори ќе се убиел не знам што ќе си направел, премногу ме сакал и заради тоа не сум смеела да го оставам, Господ ќе ме казнел што сум ја отфрлала среќата што ми ја давал :geek: Се осеќав ко јас да сум машко во врската, зашто плачеше и цмиздреше 23456 пати повеќе од мене. (Е не ме прашувајте како бев во врска со него, не знам ни сама :tmi: ). .......и еден куп други слични работи, не сакам ни на анонимен форум да ги пишувам :tmi:
    Ужасно е ова чувство. Без разлика што оние што прават емотивна уцена го прават тоа за да се сожали некој на нив и да добијат нешто повеќе- јас ваквите луѓе ужасно ги презирам. И најмногу во свет да сакам некого, во моментот кога почнува со вакви подвалувања ми станува одвратен и не можам веќе да го поднесам во моја близина. Најверојатно зашто го доживеав ова на своја кожа, па сега ми се гади од таквите луѓе.
    А јас....никогаш не сум правела така за да добијам нешто. Освен оние ситни и наивни женски улизувања на партнерот кои се, според мене, стандардни во секоја врска, не ми паднало на крај памет нешто толку радикално да направам. На сила ништо не се добива-напротив, може само да се изгуби.
    Се надевам никој од вас нема да доживее нешто вакво. Убедливо најлошото нешто што можело да ми се случи, за среќа заврши на време. :whew:
     
  7. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Сум го доживеала, и многу ми е криво што наседнав, ама го припишувам на годините и неискуството. Сега кога се навраќам, не знам како сум паднала на солзи и реченицата "Мојот живот нема смисла без тебе". Толку време плачеше пред мене, додека еден ден не ми дојде преку глава и му реков "Дај бе среди се, машко си или што? Ако ти не се цениш самиот, немој да очекуваш дека јас ќе го направам тоа." После виде дека му ја открив играта и дека не пали па проба на друг начин. Јас сакам да играм со отворени карти. Ако оди оди, ако не, не планирам за некој да се понижувам, да му цимолам, камо ли да плачам пред него. Никогаш не би си дозволила. Сакам да освојам со тоа што сум јас, не би трошела време на глума, зашто вистината кога тогаш излегува на виделина. Мислам дека сум доволна способна за да освојам некој со својот карактер и сето она што го претставувам како личност, а кога некој вака емотивно ме уценува, се чувствувам ко да сака да манипулира со мене и потполно престанувам да го ценам.
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.397
    Не сум била во ситуација, и подобро, затоа што од било каква уцена коса ми се крева.

    Не дека не сум се разлигавила пред него воопшто, ехеее, во ПМС поплава правам, ама не со цел да добијам нешто.

    Кога би добила нешто со уцена, воопшто не би уживала во добиеното.
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Еден бивш дечко ми се закануваше дека ќе се убие, ми цмиздреше, на колена ми клекнуваше само да не го оставам :fubar: . Се сожалив јас и поодевме уште некое време. Ми беше страв стварно да не направи некоја беља.
    Ееее да ми беше овој памет, одма ќе го пратев по ѓаволите, нека си се САМОУТЕПА ако не му е мил животот.
    Да се навратам на темата. Ваквите луѓе се нестабилни луѓе, со ниско или никакво ниво на самодоверба. И ретко кој од нив би го извршил тоа со кое што се заканува.
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Кога напоменав „да се добие нешто“, не мислев на нешто материјално. Многу често се случува да се пуштат солзи за да се избегне некоја несакана ситуација, кога некој се правда или кога сака по секоја цена да си го задржи партнерот.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Па... вака да се замислам, и не ми текнува некоја ситуација... Единствено нешто ако може да се нарече емотивна уцена е тоа што при некоја караница безмислена, кога сум знаела дека нема шанси да попушти, имам почнувано да плачам со сила и да глумам многу повредена, па за 5 минути не гледаш смирени :lol:
    Не сум безгрешна бе јас, си имам моменти :) :D
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас лично не сум плачела пред дечко ми само да се смириме или слично.
    Единствена емотивна уцена,пред моите родители,ако не ми давале да одам негде,па ќе пуштам некоја солзичка,мада и тогаш не било само така,туку од нервоза.

    Е сега,не знам дали е емотивна уцена,или голема љубов спрема мене,дечко ми плаче,ако се скараме,или ако се скара со неговите,или ако се налутам...Не можел да издржи,ме сакал и нејќел да се караме. А и таков е,мирен,и да му пречи нешто чува во себе,ќути,не сака да се кара... Затоа се надевам дека солзите не му се баш емотивна уцена. :worried: Јас не верувам многу многу во такви плачки,и мислам на лоши работи,е сеа или сум песимист,или реалист,друго нема, ама сепак,не сакам да го гледам да плаче,макар и не биле вистински солзите...А ако не се,ондак е многу добар глумец. :D
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не ги сакам емотивните уцени и не сум ги применувала никогаш. Ни обратното не ми се случило за среќа.
    Ни сакам да манипулирам со партнер ни да бидам манипулирана. Од вакво однесување ништо добро не може да произлезе на долгорочна основа.

    Дури и самиот чин на плачење настанат од тага или бес или било што друго гледам и пред партнер и пред најблиски да го избегнам колку што можам, тука сум слична на луѓето од далечниот исток, само што тоа кај нив е начин на воспитување, кај мене е свесен избор. И постојани плачки и плачковци и драматизации и варијации на истава тема не поднесувам најдобро, лоши се по дигестивен систем и крајно невкусни.

    Во принцип секогаш испливува на сцена правата мотивација за било кое наше однесување и во ваков случај би била немилосрдна кон другата страна бидејќи и солзи пролеани на ваков начин немаат значење бидејќи личноста не плаче поради нас, туку за себе и згора на се‘-лажно, одглумено. Ако начекам вакво нешто наредниот пат ќе си плаче вистински и тоа со причина :D ]:) .
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Понижување ми е да правам вакво нешто...Да плачам или да глумам жртва за да се извлечам од ситуација или да добијам нешто, не е мој начин, а башка и маж ми не е глуп. Да хистеришам, да глумам лудило за да истерам по мое кога веќе гледам дека нема каде, би осетил тој, и попрво би ме пратил на психијатар отколку што би ми удоволил... :)
    А сум имала врска како на green eyes... душичка, од сожалување (абе многу арна бев :emo: ) му дозволував се и сешто...но ајде, малечки бевме тогаш, солзите ни беа доказ за огромна љубов... :geek:
     
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Искрено мојата прва врска беше со еден таков, кој беше прво моќен, јак маж и ќе ме убиваше, ме пикаше во кола ме оставаше на страшни места, или со колата ќе лета да сме погинеле заедно, ма драми! И кога веќе не можев да издржам и ставив крај почна да плаче ќе се убие,па бегаше се криеше од неговите, ова - она, а тој ден ми почина најдобра другарка и реков уби се, ништо не ми беше битно во моментот или убиј ме само тргни ми се.. е такви драма квин мажи не! Доста ми е! Разбрав дека почнал да се дрогира после тоа, ама извини јас животов да си го поминувам со некој што ќе се тресам да не ми направи нешто не или пак да ја превземам вината не, бар положи за кола и запиша факс поради мене.. хуху

    Но има мажи кои искрено знаат да пуштат солза тоа е многу поинакво од ова другото, кои се присебни, и за моментот на болка дали разделување или слично ценам..

    Меѓутоа ако кармава пак ме наведе на некој таков, ќе му помогнам, ќе му отворам прозор, ќе го затворам во гаража, ќе дигнам ручна не е проблем... ама со фејк емотивност на друго место. Ја научив лекцијата.
     
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Беше тоа една кутра љубов изградена врз темели на недоверба и посесивност ,па оттука следува сите вистински и одглумени солзи ,двојно почести од моментите на исполнетост.
    Како што почна ,така и заврши .
    Со солзите добивме време и празни ветувања
    .Меѓувремено - сите возможни облици на патолошка љубов и нежост.
    Изгубивме - пак време , и себе и смислата за реалност и социјализација.
    ;(

    Години подоцна и јас и тој на стартна позиција...Само не заедно...
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Да, ми се случило. и тоа сега неодамна.
    Не дека сакав да добијам нешто од него, едноставно во тој момент ме совладаа емоциите иако отсекогаш сум знаела да се воздржам од плачење пред некој што ми значи, затоа што не сакам да се искористува мојата слабост.
    Но таков беше моментот. Не можев никако да ги задржам солзите, затоа што тој ми кажа многу тешки зборови и јас помислив дека тоа е крајот на нашата врска. После тоа се смиривме. Незнам дали беше заради тоа што се расплакав... но верувам дека и тоа влијаеше на него.
    Знам дека не беше правилно тоа што го направив, но моментот беше таков и неможев да ги исконтролирам чувствата.
     
  18. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    Ми се случило .. но како што напомена Геа не за нешто материјално,туку да избегнам некоја непријатна ситуација :angel: :angel: :D
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.558
    Пол:
    Женски
    Се случувало, но нема да се повтори пак.
     
  20. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Кај мене пак , се е обратно... :D Баш кога доаѓа до некоја криза , не плачам и не се расправам , едноставно само вртам грб,раскинувам , као ја можам се сама (себично од моја страна )шо би рекле старите "ем шуто , ем бодe" , ама ете тоа се покажало како спас за врска ! :D Се надевам нема да ми се тресне од глава се некој ден ...:?::D На ова глупости , не мислев на којзнае какви грешки , баш безсмислени работи...Така да -донт вори , секоја од нас си има своја тактика ;)