Баш шкарт. Чудно ми е како популарна била. Ја одбегнував скроз. Последните 2 пати знам со мајка ми влеговме, нишо не ми се допадна. Некои јакни и капутчиња беа океј, другото све за никаде. И некој грд мирис имаше внатре. Таму знам секад носеле застарени парчиња од популарниве фаст фешн брендови, и ми беше ко отпадно така, без врска.
Имам пишано погоре од тебе. Какви пристапни цени? Баш ги покачија доста, а немаа голем избор на броеви. Над 3 илјади денари за парталосани јакни и сакоа со виснати конци над 1000ка. Препродаваа роба што дури и во дуќаните на оригиналните брендови се наоѓа за помалку пари, особено во период на попусти. Можам да се сложам дека е жално што ГТЦ пропаѓа, но и онака не му е потребна Евроазија. Може да се побара да отворат нешто друго, нешто поинакво. Само што народот не се интересира и не е сложен.
Еуро Азија не беше втора рака, туку заостанати парчиња од пред неколку сезони на некои брендови, ги купуваат топ тан на големо. Ист принцип се и оние Мега фешн.
Далеку бољи се Мега фешн. Сум наоѓала таму ствари кои не се до толку од праисторијата, туку од прошла сезона на пример. И покултурно делуваат продавниците.
Па да де, не беше толку ФЕНСИ за да опстане во ова хаотично (не)време. Јас, пример, најубавите парчиња облека од таму си ги имав купено. И уште ги имам во шкаф, и уште носам дел од нив. Баш се сетив за еден предобар елек, ќе го најдам од утре да си го носам. А, го имам веќе повеќе од 5 години, ако не и повеќе. Околу 600 денари го купив, замислете, не е 5000 од Зара!
Знаеш дека имам приметено дека во машкиот дел имаа поубава облека отколку кај женскиот и посреден беше тој дел ...но самата продавница беше исто многу загушлива, генерално сум влегувала кога сум морала да чекам нешто во близина на ГТЦ па да утепам време а да бидам реална почесто избирав на клупа у жена парк да седнам отколку у Еуро Азија да се угушам у тоа парталите.
Не знам какви барања има модерниот човек во однос на простор во бутик. Пример, денес бев во Sinsay, Waikiki... погадно нешто-здравје. Газат алишта, влечкаат, туркаат на земја. Кој како пробува - фрла на земја. Нема никаков ред, не се знае кое каде е и од каде е. Ќе наидам на некое парче што ми се свиѓа, ама со помал број - го закачил некој врз фармерки, рандом, па оди најди каде стојат другите величини... Мене, рецимо, тоа ми е синоним за загушливо. Во „Еуро Азија“ имав чувство на „дома“, не знам зошто. Некако многу слободно си бирав, си земав, си пробував, секогаш добивав совети и помош од вработените... Во модерниве „бутици“ нема кој да прашаш, тоа е таков еден хаос... Како и да е: сосема природно е, за жал, да се затвори еден ваков бутик. Друго време дојде. Ете, и тука повеќето имаат такво мислење. Не е чудно ништо. Јас би рекол дека убавите нешта умираат. Па колку сакате не согласувајте се со мене.
Се гледаше дека дуќанов е на раб на затворање, мислам дека само едно исто се вртеше на излогот, не знам дали воопшто надополнуваа со нова роба. И во последните неколку години, ништо не ми се допаднало доволно за да си кажам дека ќе го купам. А добри работи имам начекувано, пред 10 години можеби. Еден куп фармерки, панталони, џемпери и хеланки за по дома сум си купувала. Последното нешто што го купив, беше една јакна (парка модел) во 2019 за 1500 денари. Уште ја носам, преубава и многу топла, воопшто не и' се познаваат годините. Ама дека се наоѓаше нешто убаво во последно време...не баш.