Само што го добив Kindle Basic 2024 моделот и можам да кажам дека од хартија нема подобро. Не е лош читачот ама не може да се споредува со хартија. Сега се чудам дали да го продадам.
Јас не би го продавала, мислам ептен ако мислиш дека нема да го користиш да. Меѓутоа е многу корисен, се наоѓаат книги бесплатно, исто така на плажа се чита многу убаво, не ти пречи сонцето, навечер во темница можеш да си го читаш, ептен е практичен. Ептен сега ако не планираш па ич да го користиш тогаш продај го, ама и да менуваш пример да читаш 5 книги физички, па една ваква, ќе ти биде топ
Во темница не го можам ни со Dark mode. На ОЛЕД телефон ми се чита подобро у темница бидејќи позадината е скроз темна а на Kindle не е, тоа просто мислам не е за мене. Патем, кој во Македонија би купил Kindle?
Зошто да не купи некој во Македонија Киндл? Се надевам не си во странство и не мислиш дека тука примитивци останале само што не разбираат ни англиски и технологија. Еве јас купив во Март Kindle Paperwhite 12ka до Јули прочитав 32 книги, хартија ни 1/3 немаше од тоа заради периодот од животот. Лесно се прави акаунт со адреса во Германија или кај и да е кај што има kindle unlimited и за 12€ месечно има куп книги, цените на другите книги се исто како од книжарница.
Имаш dark опција. И јас купив пред пола година, една од најдобрите ствари у животов ми е. Нема книга што не ја најдов на пдф.
Киндл имам повеќе од 10 години и читањето на Киндл ми е незаменливо. Ни телефон, ни таблет, ни не знам каков dark mode не ми е ист како екранот на Киндл. Непопуларно мислење знам, ама Киндл ми е на прво место, па печатена книга. Хартиените книги ги читам заради носталгија, но многу поретко од порано. А Киндл ми е the real deal, најомилен уред што постои.
Неспоредливо е телефон и киндле, сум читала непрекинато по 6 саати ни глава боли, ни очи болат. Читање на телефон е преголема мака.
Продавам таблет за читање книги Kindle Basic (2024) – најнов модел Го купив во Германија со намера да читам на него, но воопшто не го користам. Наместо да стои неискористен во фиока, сакам да го продадам на некој што ќе го користи. Го добивате во оригинално пакување со фабрички USB кабел. Цена: 6000 денари. Праќам по карго низ цела Македонија.