Само што го добив Kindle Basic 2024 моделот и можам да кажам дека од хартија нема подобро. Не е лош читачот ама не може да се споредува со хартија. Сега се чудам дали да го продадам.
Јас не би го продавала, мислам ептен ако мислиш дека нема да го користиш да. Меѓутоа е многу корисен, се наоѓаат книги бесплатно, исто така на плажа се чита многу убаво, не ти пречи сонцето, навечер во темница можеш да си го читаш, ептен е практичен. Ептен сега ако не планираш па ич да го користиш тогаш продај го, ама и да менуваш пример да читаш 5 книги физички, па една ваква, ќе ти биде топ
Во темница не го можам ни со Dark mode. На ОЛЕД телефон ми се чита подобро у темница бидејќи позадината е скроз темна а на Kindle не е, тоа просто мислам не е за мене. Патем, кој во Македонија би купил Kindle?
Зошто да не купи некој во Македонија Киндл? Се надевам не си во странство и не мислиш дека тука примитивци останале само што не разбираат ни англиски и технологија. Еве јас купив во Март Kindle Paperwhite 12ka до Јули прочитав 32 книги, хартија ни 1/3 немаше од тоа заради периодот од животот. Лесно се прави акаунт со адреса во Германија или кај и да е кај што има kindle unlimited и за 12€ месечно има куп книги, цените на другите книги се исто како од книжарница.
Имаш dark опција. И јас купив пред пола година, една од најдобрите ствари у животов ми е. Нема книга што не ја најдов на пдф.
Киндл имам повеќе од 10 години и читањето на Киндл ми е незаменливо. Ни телефон, ни таблет, ни не знам каков dark mode не ми е ист како екранот на Киндл. Непопуларно мислење знам, ама Киндл ми е на прво место, па печатена книга. Хартиените книги ги читам заради носталгија, но многу поретко од порано. А Киндл ми е the real deal, најомилен уред што постои.
Неспоредливо е телефон и киндле, сум читала непрекинато по 6 саати ни глава боли, ни очи болат. Читање на телефон е преголема мака.
Ме интересира на кој регион ви е киндле подесен? Заради пријателите мене амазон акаунтот ми е на Германија, таму си имав листи со книги. Ама на киндле сторе, во менито, ми даваше на германски некои имиња и сменив регион на уредот во Америка. Испадна дека истите книги се поскапи во Америка. Ок ај реков ќе вратам пак на Германија, ама па ако ставам Германија вика дека нема да можам либби или некои др библиотеки да користам. Ептен сум неупатена со уредов и не знам дали најчесто книгите ќе ги купувам, ќе ги изнајмувам или ќе барам пиратски верзии. Идејата ми е и понови наслови да читам, а немам намера се да купувам, така што би се претплатила во некоја библиотека, се чекаат и таму книги ама пак мислам дека имаат избор американските.
Оди на oceanofpdf, најди книга, симни ја во е-пуб верзија на тел и ќе имаш опција share to kindle, ќе ја додадеш таму, ќе ти се симне на апликацијата киндл на телефонот и автоматски на киндл уредот. Бесплатно е.
Имаш https://oceanofpdf.com во epub верзија, симнувам и од https://forum.mobilism.me, направи си акаунт само и имаш пристап до сите книги, ако бараш некоја посебно можеш и да објавиш пост и некој ќе ја прикачи.
Кај мене воопшто нема потреба ни акаунт да правиш, ако ја имаш апликацијата киндл на телефон само правиш share to kindle преку документот, баш сега на дечко ми му ја симнував game of thrones, вториот дел.
Јас за мобилизм зборев за акаунт, ако нешто не можам да најдам на едно место, барам на друго. Мора да се најде важно.
Мојот читач не е ни поврзан со интернет, повремено знам да го поврзам само за надградба ако е потребно, инаку цело време е офлајн. Стариот го имав поврзано со Амазон, овој не. Симнувам книги од интернет, ги префрлам од лаптоп на киндл. Не симнувам директно на читачот, може сум старомодна, ама вака мислам дека имам поголема ефикасност во следење кои книги сум ги симнала, за да не се повторувам. Мене секако ми се подредени во фолдери по автори и по азбучен ред, така ги чувам и на лаптопот. Преку 1000 книги имам на читачот, симнати бесплатно, сите на англиски. Немам книги на други јазици.
Абе, не ти сметаат 1000те книги? Јас имам префрлено некои си 30ина-40тина, и пак некако ко да ми сметаат. Демек да имам избор во секое време, ама па многу се за скрлање и пребирање, полесно само да префрлам пар книги што стварно планирам наскоро да ги читам.
Не, воопшто. Тоа е мојата виртуелна библиотека, пошто реално дома не би ни можела да имам толку книги, а имам и вака многу. Средени ми се во фолдери по автор, по азбучен ред и главно е белетристика и по некој од класиците, немам стручни книги на читачот, тие ги имам во hard copy. Сега баш проверив, 1149 книги имам на читачот. Вака се поделени Ако ги ставам сите на купче, ќе се изгубам. Вака по колекции/фолдери, се е прибрано.
И јас функционирам како @Annath, плус ја терам истата поделба по фолдери на самиот Киндле. Само што јас ги групирам книгите по жанрови. Сигурно имам над 1000 книги, во секој фолдер по стотина. Ама ми сe наоѓаат многу, mood reader сум и секогаш ми е поубаво да имам голем избор. Плус се осеќам ко да се наоѓам во библиотека додека листам низ толку многу наслови. За побргу да најдам некој фајл, ја користам лупата. Го куцам насловот или авторот, одма си ја наоѓам книгата. Да бидам искрена, не ми ни треба опцијава, затоа што многу помнам што сум ставила а што не, ама ми се нашла за брза проверка некогаш ако се двоумам. Порано си препраќав и преку киндл мејлот, ама во последно време не сака да функционира, па си користам good old кабел и си префрлам преку компјутер. Не можам сто апликации во телефон, па да симнувам книги на телефон за да префрлам на апп. Прекомплицирано ми е за нешто што може да се заврши со кабелот додека се полни Киндлот. Обично така правам, секое полнење е stuff your Kindle day.