Имам едно прашање..бендисав едни фармерки од Зара и гледам има бројче што ми одговара...го ставам во кошничката и потоа одам во неа и пиши дека го нема на залиха....нешто апликацијата не чини или нема навистина?
Се случува за неколку секунди или минути да го снема производот(некој бил побрз го порачал, го има во помали количини) тоа што го ставаш во кошничка не е никаква гаранција дека ќе биде достапен постојано, тоа е моментално. Производите повремено ги обновуваат - се достапни најчесто навечер после 22 или рано наутро после 6 часот. Практикувај кога нарачуваш во една нарачка да има повеќе производи - ова доколку ти се допаѓаат производите за да заштедиш на достава. Доколку нарачуваш два производи во различни периоди ќе ти бидат доставени, испратени одделно и ќе платиш за двата достава.
Повеќе пати отворам и цело време ми дава дека го има производот...конкретно за фармерки 38 број (само тоа бројче го дава) и одма во кошничката пиши дека го нема. Ќе пратам баш денојве како ќе ги дава. Мислам дека им е грешка дека ги има на залиха. Фала сепак
Може да се работи за грешка, ќе ти кажам мое искуство го ставив производот во кошничка потоа ја продолжив процедурата за купување на производот во следните чекори и пред потврдата за купување пишува не е достапен производот, некој бил побрз неколку секунди и го купил производот. Иако сега сеуште не е некоја голема навала, се чекаат најголемите попусти кои се некаде после 10 јули и тогаш е многу тешко да се начека производ и да го има производот достапен е само во еден број па ако имаш среќа ќе си го купиш.
Дали некој има рекламирано производ? Купив дуксери за децава и на прво перење се собраа неколку броја. Перени заедно со друг дуксер и маички заедно купени и другите си се нормални. Пола гардероба им е од таму и ова никогаш не ми се случило. А колку само гордо му се пофалив на мм дека наместо еден купив 2
@Maraya✓ Не, може и преку карго. Периодот за враќање на производот е 30 дена откако е примена нарачката. Отвори ја нарачката и подолу клинки на опцијата за враќање. Таму детално имаш се напишано т.е инструкции за следење што треба да направиш
Ти благодарам.а дали може да се откаже нарачка додека се уште не е испратена ? Порачав еден фустан С величина ( а мислам дека М повеке би ми одговарал но немаше) во мегувреме стана достапна и М величина .и ме интересира дали можам да ја откажам таа нарачка и да си го порачам другиот..?
@Maraya✓ Така мислам дека не може. Но, при враќањето мислам дека може да избереш опција за замена на величина. Во секој случај би ти рекла да почекаш, да си видиш бидејќи Зара во последно време врска си нема со величини Барем мене лично ми е така. Еднаш М ми е точно, еднаш мало/големо, еднаш S ми е совршено И онака е веќе испратена, бргу ќе ти стигне, пробај си, може ќе ти е таман
А дали ви се случило да нема опција за враќање во статусот. Моментално е до втора фаза кај процесирање. Сакам да ја откажам и да ја нарачам пак истата работа и плус дополна од неколку работи.
Мене еднаш ми се деси и ги контактирав им пишав пробаа да го средат ама не успеаа и преку маил ми пратија некој вид на барање за да можам да го вратам производот. Пиши им
Ако имаш во нарачката парфем или шминка вака дава. Иако се достапни за нарачка, такви производи не праќаат.
Јас денес сакав то да го напрам....и сабајлево немаше опција, па преге разгледав пак и ми даде опција и ја откажав. Вчера ја направив нарачката и денес гледам уште поголем попуст. Пробај пак, ако не наорај си нова нарачка и оваа врати ја.
Дали може да не се подигне пратката ако веќе е стигната во карго..а во мегувреме да нарачаш друга ?и Каде го има тоа откажи нарачка неможам да најдам..дали ако е во процесирање можам да ја откажам
Не знам што би се случило ако не ја погодиш, не знам како оди тоа..да не има опција ко ке ти ја донесат одма да ја вратиш назад..па потоа да. Ти ги вратат парите...не ми излегува сега како опција откажи.
Дали некој од вас не ја подигнал пратката што ја нарачал ? (Неможев да ја откажам )..Дали прават проблем со нарачување на следна пратка ..
Здраво, како ставате адреса за да ви стасаат производите во Зара во мол кај нас? Не знам како да пишам адреса и слично?