Јас пак се жалев сабајлето кај агент на зара чат. Не знам дали ради тоа или дека понеделник работен ден ама после тоа ми звонаа од карго да ми кажат дека стигнала во магацинот во мојот град ако сакам да си ја земам од таму, а за достава дома ќе донеселе во среда. И на зара чат безобразни, им пишам три недели чекам од ко порачав 10 дена седи во магацин, па ми враќаат дека веќе сум се пожалила и да се стрпам ќе стигни…
После кавгата по телефон ставиле статус одбиена и ме блокирале на мобилен... неспособни да си ја вршат работата уште клиентите им се криви
Може ли некој што нарачува често да ми каже кога ги обновуваат залихите? Во колку часот има најмногу достапни работи? Минатата година рано наутро наоѓав се, но сега кога и да отворам ништо нема.
Сега веќе нема шанси нешто да најдеш.. Се наоѓаше по нешто до пред 2 недели. Јас кога и да се уклучам а доста време висам не успеав да начекам нешто овие 2 недели .
Јас имав нова пратка после закаснатата, стигна во рекордно време со ЕЛС. Баш на курирот му спомнав за ВИП пошта и само искоментира дека нив ич не им се работи...
Од еко логистик секогаш праките стигаат точно време или еден два дена унапред. Мик Мик и Вип Пошта увек каснат... Еве јас имам пратка од петокот стои дека е во достава од Мик Мик...
И зимото ноќеска во 2 или 3 и сабајле во 6 и 7 се имаше на залиха ама овој попуст не. И јас приметив тоа, веќе подолго се обидувам да фатам нешто ноќеска и сабајле ама нема.