Јас пак се жалев сабајлето кај агент на зара чат. Не знам дали ради тоа или дека понеделник работен ден ама после тоа ми звонаа од карго да ми кажат дека стигнала во магацинот во мојот град ако сакам да си ја земам од таму, а за достава дома ќе донеселе во среда. И на зара чат безобразни, им пишам три недели чекам од ко порачав 10 дена седи во магацин, па ми враќаат дека веќе сум се пожалила и да се стрпам ќе стигни…
После кавгата по телефон ставиле статус одбиена и ме блокирале на мобилен... неспособни да си ја вршат работата уште клиентите им се криви
Може ли некој што нарачува често да ми каже кога ги обновуваат залихите? Во колку часот има најмногу достапни работи? Минатата година рано наутро наоѓав се, но сега кога и да отворам ништо нема.
Сега веќе нема шанси нешто да најдеш.. Се наоѓаше по нешто до пред 2 недели. Јас кога и да се уклучам а доста време висам не успеав да начекам нешто овие 2 недели .
Јас имав нова пратка после закаснатата, стигна во рекордно време со ЕЛС. Баш на курирот му спомнав за ВИП пошта и само искоментира дека нив ич не им се работи...
Од еко логистик секогаш праките стигаат точно време или еден два дена унапред. Мик Мик и Вип Пошта увек каснат... Еве јас имам пратка од петокот стои дека е во достава од Мик Мик...
И зимото ноќеска во 2 или 3 и сабајле во 6 и 7 се имаше на залиха ама овој попуст не. И јас приметив тоа, веќе подолго се обидувам да фатам нешто ноќеска и сабајле ама нема.
Годинава имаше ресток меѓу 04-05 наутро и меѓу 08-09 наутро јас сешто фатив тој период ама ми стојат во Вип пошта
Пишав на чат на Зара за три пратки што чекам сите три во Вип Пошта. Ми се стемни. Реков да ми пуштаат преку Еко не можело така нема опција за избор. Сега ќе треба 2 недели да се бркам со Вип Пошта ....
Пратката во вип пошта во магацинот ми стои од 30.07, а delivery date беше 29.07. Има шанси да ми ја донесат или џабе ја чекам?
Мене ми ги носат, каснат 7-10 дена ама битно ми ги носат. Барем до сеа не ми вратиле назад како одбиена
Ми стигнаа мене денес сите 3. Од 25.07 ми беа Се јавија имале проблем некој до среда ќе ги расчистат сите пратки.
Јас имам многу позитивно искуство со Вип во кисела вода, секогаш навреме ретко некогаш да ми закаснат а ако ми се брза со доставувачите се имам и на Вибер и се договараме да ми ја остават во база за да поминам. Више ме знаат и ми пишуваат унапред на чет кога ми одговара најмногу. Исто сум задоволна и од Елс точни се секогаш и со нив исто ми испраќаат порака ако не кренам. А од мик мик не сум задоволна пратките не ги оставаат во база тоа значи дека ако доставувачот не стига да ми ја достави на време ќе остане кај него во кола и јас неможам да ја подигнам од база која што им е кај Бриколаж и се акав до таму за џабе.
Јас сеуште не сум си ги добила пратките од Вип Пошта . Еве денес трет пат ќе се пролонгира датум. Имате ли број од база или да ми кажете каде е магацинот главен да идам да ги земам и да се испокарам саглам?
Јас следам цело време ама никако да се вратат некои од стварите што ги сакам. Последно нешто што нарачав беше пред 2 недели еден куп фармерки по 400 ден. Денес ми стигна пратката
Здраво, при враќање преку елс освен етикетата за враќање испечатена и залепена на кутијата, друго што е потребно? Дали фискалната сметка или е тикет од маило го достљвувате заедно со робата. И од прилика за колку време ви ги враќат парите на сметка?