1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Засекогаш (Forever) [2014]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hipster, 18 декември 2014.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    http://www.imdb.com/title/tt3487382/

    Forever е нова хит серија на ABC и се работи за Хенри доктор кој работи во мртовечница во Њујорк и всушност е 200 години стар бессмртен човек, кој не може да умре, т.е се враќа во живот по само неколку минути од смртта. По еден случај во кој и тој ќе биде жртва, соработува со полицијата во многу случаи благодарјќи на детективката Мартинез.
    Интересна сај-фај серија одлична екипа и интересно сценарио. Ликовите се одлично изградени, и Хенри и Ејб и Мартнез ми е допаѓааат не само како актери туку и длабоко нивните ликови суштински ми се допаѓаат, до сега ми нема ништо чизи и провидно глупаво во содржината.

    Имам изгледано само 5 епизоди и веќе се опседнав. Инаку има 11 излезено до сега, и до крај не очекува фул сезона од веројатно 22-24 епизоди.
     
    На Tiki-lolipop, Giovanna, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    38.209
    Пол:
    Женски
    Хипстер убаво што отвори тема за серијава, ама веројатно само јас и ти ја гледаме што е вистинска штета.Јас ги изгледав сите епизоди што излегоа досега и можам да кажам дека серијава е сосем океј и ептен допадлива и забавна.
    Актерската екипа е одлична, доктор Морган ми е мхм, ептен ја има онаа џентламенска, маженствена фацка, а и ставот му е таков.Ептен добар актер избрале за улогава, сметам дека ептен му личи.
    Мартинез ми многу симатичен лик, а и актерката ми е ептен убава и шармантна, ја знам уште од ЦСИ кога играше жена на Хорацио и ептен ми беше криво што умре, така да се израдував кога ја сретнав тука.Одлично дуо ми се со Морган,
    Ајб(или Ејб) ми е исто така многу добар лик, врската меѓу него и татко му ми е совршена и многу ми паѓа тешко што е стар и недај боже да им текне да го убијат.
    Мислам дека Хенри кај и да е ќе умре пред детективката и ќе мора да и е открие тајната и мислам дека ќе бидат многу кул и секси за пар.

    Одвај чекам да помине паузата и да видам кој е ликот кој тврди дека ја има истата „клетва“ како Хенри.

    Кој не ја гледа серијава му ја препорачувам од срце.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Сакате друштво, девојки? :lol:
    На серијава наидов неодамна, онака тарашкајќи низ imdb. Инаку, имам изгледано само 3 епизоди, па некако и немам многу материјал за коментирање. До крајот на викендов ќе ги смачкам сите, па ќе се вратам на коментирање, пинки промис. :)
     
    На 1209 и Hipster им се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене.
    Јас го погледнав само пилотот и втората епизода и тоа уште кога испаднаа,дека бев во потрага по серија за гледање.Ама пошто веќе ми почнуваа редовните серии и плус се нафатив да ја гледам Supernatural,ја заборавив серијава,тоа ќе се смени одма :D
    Глумецот што го глуми Хенри ми е одличен,во Фантастик 4 глумеше мислам,а овде е супер вклопен во улогата,со џентлменски шмек.Акцентот-феноменален,а со целата дедукција ненормално ме потсеќа на Шерлок,се разбира на оној Шерлок од Бенедикт.
    Џо е исто добра актерка,уште не ми е дефинирано дали ќе ми се допаѓа во серијата и се надевам нема да ја прават глупава и брзо ќе го открие Хенри,бидејќи мразам такво мачкање очи :D
    Приказната е интересна и има основа за многу сезони,посебно бидејќи има натприроден карактер.
    И така,секако сите серии се на пауза,ќе ве стигнам и јас во скоро време.
     
    На 1209, Valerin и Hipster им се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас ги изгледав сите :D
    Една работа не разбрав,оној во таксито на крајот на 11 епизода,тој психијатарот негов да не беше,Британецот?? А мене и на оној Кларк што го уби многу ми заличе,не знам зошто.
    Интересна е серијата,ама мора некако да го забрзаат дејството,да додадат напнатост,бидејќи вака многу предвидливи ќе станат епизодите.
    И ај нека и каже на Џо побрзо :D
     
    На Hipster, 1209 и Valerin им се допаѓа ова.
  6. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ви се придружувам и јас. Ги симнав сите епизоди. :D
    Ми треба нова серија за гледање, па во вистински момент налетав на темава. Само да најдам повеќе слободно време и обавезно ќе ја изгледам. :)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Се симнува првата епизода. Мислам дека серијава ќе ми се погоди ептен, баш немам ништо асално во моментов за гледање, а и жанрот ептен ми прави мерак.
    Ќе пишам впечатоци откако ќе ја изгледам првата епизода. Освен ако веднаш не продолжам со втората, па третата...:lol:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Јас никако да ја довршам, ќе продолжам за празниците. Инаку стигнав до осмата епизода и од тоа што го видов, ми личи на интересен склоп од Менталист и ЦСИ. Ми се допаѓа во секој случај, не сум ептен импресионирана, можеби зашто уште сум на почеток ама ќе ја завршам. Жанрот ми е ептен по вкус и едноставно не можам да ја оставам вака на пола. :D
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас изгледав три епизоди.
    Интересна е приказната, ама не ме фасцинира нешто посебно. Се надевам дека понатаму ќе бидат позаплеткани епизодите, ваквите серии на почетокот имаат некако едноставни случаи, ама понатаму се замрсуваат работите. Ioan Gruffudd е многу харизматичен и шармантен и ми се допаѓа како ја доловува улогата. Ама главниот женски лик ми е тапа некако, актерката е преубава, само малку како да не знае да глуми. Видов на имдб дека има солидно резиме, ама мене не ми е believable некако. Плус, трчка по него, самата нема никаков потенцијал и знаење.
    Продолжувам да ја гледам, па се надевам на доста солидни епизоди.
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Is it me или серијава е малку монотона?
    Интересни случаи имаат и добри се флешбековите на Хенри,ама главниот заплет ми е млак некако,досаден.
    И што вика Реин,Џо стално трчка по Хенри и всушност таа го известува за случајот,а Хенри го решава,а таа е детективката,тој е само патолог или не знам што му испаѓа професијата :D
    Мора да има некоја акција,вака на 1 сезона ќе ја остават.
     
    На Tiki-lolipop и RainBow им се допаѓа ова.