http://www.imdb.com/title/tt3487382/ Forever е нова хит серија на ABC и се работи за Хенри доктор кој работи во мртовечница во Њујорк и всушност е 200 години стар бессмртен човек, кој не може да умре, т.е се враќа во живот по само неколку минути од смртта. По еден случај во кој и тој ќе биде жртва, соработува со полицијата во многу случаи благодарјќи на детективката Мартинез. Интересна сај-фај серија одлична екипа и интересно сценарио. Ликовите се одлично изградени, и Хенри и Ејб и Мартнез ми е допаѓааат не само како актери туку и длабоко нивните ликови суштински ми се допаѓаат, до сега ми нема ништо чизи и провидно глупаво во содржината. Имам изгледано само 5 епизоди и веќе се опседнав. Инаку има 11 излезено до сега, и до крај не очекува фул сезона од веројатно 22-24 епизоди.
Хипстер убаво што отвори тема за серијава, ама веројатно само јас и ти ја гледаме што е вистинска штета.Јас ги изгледав сите епизоди што излегоа досега и можам да кажам дека серијава е сосем океј и ептен допадлива и забавна. Актерската екипа е одлична, доктор Морган ми е мхм, ептен ја има онаа џентламенска, маженствена фацка, а и ставот му е таков.Ептен добар актер избрале за улогава, сметам дека ептен му личи. Мартинез ми многу симатичен лик, а и актерката ми е ептен убава и шармантна, ја знам уште од ЦСИ кога играше жена на Хорацио и ептен ми беше криво што умре, така да се израдував кога ја сретнав тука.Одлично дуо ми се со Морган, Ајб(или Ејб) ми е исто така многу добар лик, врската меѓу него и татко му ми е совршена и многу ми паѓа тешко што е стар и недај боже да им текне да го убијат. Мислам дека Хенри кај и да е ќе умре пред детективката и ќе мора да и е открие тајната и мислам дека ќе бидат многу кул и секси за пар. Одвај чекам да помине паузата и да видам кој е ликот кој тврди дека ја има истата „клетва“ како Хенри. Кој не ја гледа серијава му ја препорачувам од срце.
Сакате друштво, девојки? На серијава наидов неодамна, онака тарашкајќи низ imdb. Инаку, имам изгледано само 3 епизоди, па некако и немам многу материјал за коментирање. До крајот на викендов ќе ги смачкам сите, па ќе се вратам на коментирање, пинки промис.
Еве ме и мене. Јас го погледнав само пилотот и втората епизода и тоа уште кога испаднаа,дека бев во потрага по серија за гледање.Ама пошто веќе ми почнуваа редовните серии и плус се нафатив да ја гледам Supernatural,ја заборавив серијава,тоа ќе се смени одма Глумецот што го глуми Хенри ми е одличен,во Фантастик 4 глумеше мислам,а овде е супер вклопен во улогата,со џентлменски шмек.Акцентот-феноменален,а со целата дедукција ненормално ме потсеќа на Шерлок,се разбира на оној Шерлок од Бенедикт. Џо е исто добра актерка,уште не ми е дефинирано дали ќе ми се допаѓа во серијата и се надевам нема да ја прават глупава и брзо ќе го открие Хенри,бидејќи мразам такво мачкање очи Приказната е интересна и има основа за многу сезони,посебно бидејќи има натприроден карактер. И така,секако сите серии се на пауза,ќе ве стигнам и јас во скоро време.
Јас ги изгледав сите Спојлер Една работа не разбрав,оној во таксито на крајот на 11 епизода,тој психијатарот негов да не беше,Британецот?? А мене и на оној Кларк што го уби многу ми заличе,не знам зошто. Интересна е серијата,ама мора некако да го забрзаат дејството,да додадат напнатост,бидејќи вака многу предвидливи ќе станат епизодите. И ај нека и каже на Џо побрзо
Ви се придружувам и јас. Ги симнав сите епизоди. Ми треба нова серија за гледање, па во вистински момент налетав на темава. Само да најдам повеќе слободно време и обавезно ќе ја изгледам.
Се симнува првата епизода. Мислам дека серијава ќе ми се погоди ептен, баш немам ништо асално во моментов за гледање, а и жанрот ептен ми прави мерак. Ќе пишам впечатоци откако ќе ја изгледам првата епизода. Освен ако веднаш не продолжам со втората, па третата...
Јас никако да ја довршам, ќе продолжам за празниците. Инаку стигнав до осмата епизода и од тоа што го видов, ми личи на интересен склоп од Менталист и ЦСИ. Ми се допаѓа во секој случај, не сум ептен импресионирана, можеби зашто уште сум на почеток ама ќе ја завршам. Жанрот ми е ептен по вкус и едноставно не можам да ја оставам вака на пола.
Јас изгледав три епизоди. Интересна е приказната, ама не ме фасцинира нешто посебно. Се надевам дека понатаму ќе бидат позаплеткани епизодите, ваквите серии на почетокот имаат некако едноставни случаи, ама понатаму се замрсуваат работите. Ioan Gruffudd е многу харизматичен и шармантен и ми се допаѓа како ја доловува улогата. Ама главниот женски лик ми е тапа некако, актерката е преубава, само малку како да не знае да глуми. Видов на имдб дека има солидно резиме, ама мене не ми е believable некако. Плус, трчка по него, самата нема никаков потенцијал и знаење. Продолжувам да ја гледам, па се надевам на доста солидни епизоди.
Is it me или серијава е малку монотона? Интересни случаи имаат и добри се флешбековите на Хенри,ама главниот заплет ми е млак некако,досаден. И што вика Реин,Џо стално трчка по Хенри и всушност таа го известува за случајот,а Хенри го решава,а таа е детективката,тој е само патолог или не знам што му испаѓа професијата Мора да има некоја акција,вака на 1 сезона ќе ја остават.