Доколку некаде е така, но сепак целиот терет е на носачите, и секогаш се во прашање секунди кога се работи за нешто разорно... Инаку од технички гледан аспект треба да се засолниш под нешто цврсто, што би те заштитило колку толку од затрупување.. или пак од некаков удар од нешто што би се распаднало. Инаку еден стан пример има повеќе носачи и цирклажи на кои лежи бетонската плоча! Треба да се урнат сите носачи прво па да се распадне плочата!
Леле Мора секогаш обавезно еден да се најде што ќе го објасни рационално земјотресот и дека паниката не помага и така натака? Фала сега се осеќам подобро
Не ми се верува дека некој мисли дека зградите во Скопје, особено поновите сите се сеизмолошки градени и потешко можат да се срушат(со исклучок на Џевахир тука).. Ха ха ха па Чифлиганец крадел на квадратура бе, продавал стан со помала квадратура а пишувал поголема, а ти веруваш дека зградите се сеизмолошки градени. Извини ама ова е како да веруваш во Дедо мраз..
Секако е страшно не е сеедно, ама ако паничиш повеќе лошо ќе си направиш. Против природата не можеш, Скопје лежи на две тектонски плочи и постојано има земјотреси ама ние не ги осеќаме е одвреме навреме ќе има и посилни ама тоа е..
Ко што не можеш против природата не можеш ми против траумата. Easy as that. Нема потреба да подаваме. Кој нема птсд од земјотрес не може да сфати и нека е среќен што е така.
Е да,ама пошто тој одамна грчи ќе мора да спијам Па и не ми се ризикува на сред работа ако здрма..дали да се облекуваме дали деца да смируваме дали да бегаме
За еден ден дознал дека некој во општина се распрашува за него, мислиш му е тешко од истата таа општина каде што сите му се потрчковци да извади документи и без да се направат сите проверки? И за квадратура доаѓа инспекција кога се гради, ама ништо не нашле замерка, и види мајката, истата таа инспекција е од општина.
Паметни Грчишчава, со наши камења по нас маваат.. се зезам. Шала на страна.. се надевам дека таму каде што бил епицентарот нема штета никаква.
Да ми беше дома на 8ми, децата спијат се се помести дома се се искрши, стакла на сите страни, цела зграда испукана, па да видам дали ќе се плашиш.