Мамички дали некаде сте виделе во Скопје играчка куче pug или bulldog ама да не е плишана? Ми треба за внук ми за на торта, не можам да најдам никаде ни на алиекспрес нема. Цената не е важна, а може да е преку интернет и од друг град/држава. Благодарам
Да не видел некој нешто со ликовиве од pj masks? На син ми му се омилени, ама не знам колку се популарни и дали има некои играчки со нив.
Пред некој ден во дуќан за играчки ги видов, 4-5 фигурички од јунациве во пакување. Незнам колку ти е од корист информацијава со оглед на тоа што продавницава не е во скопје, но успат ми е секој ден и можам деновиве да прашам/купам и да ти пратам по карго цената мислам не беше повеќе од 200мкд, фигурките беа отприлика по 5-6цм
Не сум баш сигурна, ама мислам дека живееш во Скопје. Ако да, ги има на зелен пазар во оние продавничките за играчки, како фигури за на торта се, околу 350 ден. Баш во саботата ги видов
Мене ми треба нешто како пештера за диносауруси, ми бара внучето. Да не видел некој некаде? Во Џамбо барав немаше.
Играчкава ја купив од Будва летово беше 10евра па дали има и кај нас ваква, пишува 6год+ и се управува со тоа што предните колца ротираат па ако видел некој нека ми пише каде внук ми збесна по неа, па сакам да му купам за роденден
Може не баш иста, но со ликови од цртани филмови ( Спајдермен, Бетмен и сл. ) да видиш во Крш продавниците.
На мисла сум да купиме трамболина. Вие што веќе имате да ми кажете дали е искористена играчка и каде може да се најдат по понормални цени?
Здраво,дали знаете каде можам да најдам вакви коцки или од каде да ги порачам ии како одат во пакет ?
https://quadroshop.de/collections/grossbaukaesten @danichap искуство со вакво нешто? @Minnie 1 можеби ти или твои пријатели овде? Некој друг? Во врска со стабилност и сигурност ме интересира бидејќи мојава љуби клетерн дефинитивно.
И јас ги гледав скоро, ама немам Немам ни ја искуство,а ги гледав минатата недела во Реал или Кауфланд проспектите ги имаше. Исто се мислев да му земеме,ама во моментов немаме баш место за тоа,па покасно. Инаку и јас мислам дека би им било забавно
Имаме ние. Незнам дали ќе биде искористена. Сега ја ставивме коа се стопли. Го пуштам по малку, не секој ден бидејќи ми кажаа дека ортопедски не била добра за мало дете. Ама тој ептен ја сака. Плус добра била за развивање моторика. Ние ја нарачавме од енци менци. Не е баш од најефтините ама треба да се внимава зашто коа баравме приметив дека поефтините не се толку стабилни, а всушност стабилноста е најбитна за трамболините. Нормално, кој би сакал дете да му се преврти со се трамболина. Големината зависи од личен избор. Коа зимавме ни обајснија дека да гледаме големина во зависност од тоа колку деца собира во исто време, и килажа. Оние најмалите се за 1 дете и мислам дека тоа не е практично. Нашата е околу 250цм дијаметар и издржлиот до 80-100кг. Не се сеќавам ептен точно, лани ја зимавме. 3 деца во неа би скокале комотно.
Па искрено и јас така би нарачала. И јас сакам да поскокам. Што само деца. Ние повејќе се радуваме. Гледам и во андреј компани има. Сакам да нарачам за во двор кај мајка ми. Штета што немам двор...