Ако во живо се познава, утре сабајле тркни до некоја лабораторија за бета. Леле ајде нека е позитивен, ме фати возбуда.
Дај боже мила..ама јас некако не се надевам оти се си мислам во секој момент ќе добијам..кога го гледам тестот гледам сенка како линија кога ќе сликам или матно или некако не се гледа
Ама знаеш дека симтомите за добивање се исти со оние за бременост, така што сè е можно. На сликиве матно е навистина, не можам убаво да видам. Ако не ти се оди преку крв да провериш, пак направи за некој ден тест. Само продолжи си со терапијата. Ајде нека е позитивен!
Мене ни изгледа како да има бледа втора линија. Последниот пат кога бев бремена, исто направив тест, ми изгледаше дека има бледа линија, ама си реков од преголема желба ми се причинува. После тоа си отидов на море една недела, а кога се вратив си добив менструација. Излезе дека сум имала спонтан абортус. Можеби направив грешка што не го повторив тестот. Затоа повтори го за два дена. Никогаш не се знае.
Девојки мојот тест излезе негативен. Прекинувам со утрогестан и ќе чекам да си добијам. Ми доаѓа преку глава, се прашувам до кога вака. Една недела ми е лошо наутро, последните две си повраќам. Ќе морам овој месец да си го посветам на себе, зошто дефинитивно психички сум многу слаба.
Баш ми е жал мила...јас чекам резултат од крв ама немам многу надеж иако и др рече дека гледа ептен бледа линија
И јас исто се осеќам, во петокот правев - негативен. Попладне ќе проверам преку крв пошто уште немам добиено.
Веројатно ни доцни од утрогестанот/дабростон. И јас вечер ќе ве известам за тест преку крв. Секако дека нема откажување денес е дозволена само мааалку тага, ама само денес и одиме понатаму.
Баш ми е жал, мила, имав надеж и чувство дека ќе споделиш убави вести Нема откажување, глава горе и нека е последен негативен тест
Фала на подршката...др одлучи да паузираме некој месец па после ќе видиме што понатаму..на сите ви посакувам од срце што поскоро да успеете
Здраво,о јас правев таму инсеминација кога ќе појдис ќе ти мери фоликули,и ќе се договорите упат не ти треба таму се ќе ти дадат☺ајде само со убави мисли
Баш ми е жал... Не бил февруари ваш месец, но нема откажување, здивнете малку, дајте си време и нареден пат пуштаме среќа за убави две цртки
Девојки ве молам за мислење кој ден после инсеминација сте правеле тест?утре ми е 14 ден од инсеминација незнам дали да направаммм