Инсеминација

Discussion in 'Бременост' started by Maarina, Dec 26, 2012.

  1. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Joined:
    May 20, 2023
    Messages:
    2,058
    Likes Received:
    1,620
    Gender:
    Female
    Инсеминацијата изгледа вака: одиш на ехо од кај 10ти 11ти ден и докторот одлучува кога ќе ти закаже нареден преглед ама претежно е за два дена за да види како растат фоликулите. Кога ќе нараснат со доволна големина закажува инсеминација и ти дава инекција за да настане овулација. На денот на инсеминацијата мажот оди порано остава материјал за да се сработи а жената после 2,3 саати. Се седнува на бокс се вбризгува со шприц и се лежи 20-30мин
    Докторот ќе одлучи дали ќе ти дава стимулации како кломифен или др нешто за да имате поголеми шанси и
    се дава шема за пиење.
    хсг имаш направено? без тоа не прават инсеминација и исто треба мажот да има направено спермограм, спермокултура и панел за хив,хеп а ти да имаш чисти брисеви
     
    Rozevata likes this.
  2. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Joined:
    Jul 8, 2024
    Messages:
    738
    Likes Received:
    1,899
    Gender:
    Female
    Да како што ти порача Снежана, обавезно ХСГ да си направиш пред било што затоа што без проодност на канали нема инсеминација да ти направат. Спермограм исто така.

    Почни едно по едно додека да стигнете до инсеминација а во меѓувреме бидете си во обиди, следи овулација и раст на фоликули со матичен, пробајте и еден месец само со стимулација. Среќно!