Инсеминацијата изгледа вака: одиш на ехо од кај 10ти 11ти ден и докторот одлучува кога ќе ти закаже нареден преглед ама претежно е за два дена за да види како растат фоликулите. Кога ќе нараснат со доволна големина закажува инсеминација и ти дава инекција за да настане овулација. На денот на инсеминацијата мажот оди порано остава материјал за да се сработи а жената после 2,3 саати. Се седнува на бокс се вбризгува со шприц и се лежи 20-30мин Докторот ќе одлучи дали ќе ти дава стимулации како кломифен или др нешто за да имате поголеми шанси и се дава шема за пиење. хсг имаш направено? без тоа не прават инсеминација и исто треба мажот да има направено спермограм, спермокултура и панел за хив,хеп а ти да имаш чисти брисеви
Да како што ти порача Снежана, обавезно ХСГ да си направиш пред било што затоа што без проодност на канали нема инсеминација да ти направат. Спермограм исто така. Почни едно по едно додека да стигнете до инсеминација а во меѓувреме бидете си во обиди, следи овулација и раст на фоликули со матичен, пробајте и еден месец само со стимулација. Среќно!
Денес ми е 10 ден од инсеминација, но базалната температура ми е пониска овој циклус од било кога иаку сум на дабростон. Имал ли некој ваков случај а да завршило успешно
Базална се мери во период на овулација. Тебе ти е 10 ти ден од инсеменација, што значи дека овулацијата ти е помината.
Здраво девојки Во среда правев инсеменација, стимулирана со кломифен. Во сабота (8 ден) на ехо имав фоликули од 12,14,15 и 16,5 см. Докторот рече да ставам стоп инекција во понеделник (10 ден) во 18:00, а неа ја направивме во среда (12 ден) во 13:00 часот. Проблемот е што јас имам рана овулација, обично околу 10/11 ден, а сопругот има слаб спермограм. Пробав да го разубедам докторот, но рече дека мора така да биде, и наводно со оглед на нашата ситуација подобро да ја направиме во моментот на пукање или после тоа. Дали некој правел инсеменација после 43 часа?
Докторот гледа како растат фолекулите и точно знае кога треба да се прими стоп инекцијата. Овулацијата трае 48 саати. И инсеменацијата ќе ти биде таман погодена.
Јас примив стоп инекција во понеделник во 10 ч , инсеминацијата беше во среда во 12ч на ГАК, бебето еве го спие , 2 месеца има
И јас сум во процес на инсеминација за второ дете. Маж ми има слаб спермограм не се многу надевам али ќе пробаме. Првото дете го родив природно и брзо забременив и тогаш маж ми имаше слаб спермограм. Кога кажавме на еден доктор тој се чудеше како сум природно останала бремена.
Колку од вас имаат успешни приказни од инсеминација направена од Тофоски? Прва ќе ми е на ГАК, трета по ред (двете неуспешни од приватна клиника) Со каква терапија сте биле покриени отпосле и дали мислите дека и тоа имало придонес?
Прва успешна , на ГАК , од Ева Созовска Белчовска, Кломифен од 5ти до 9 ти ден , и после метил фолат заради генетски мутации. Еве го спие до мене 2 ипол месеци има
Da se prijavam denes prva Iui kaj dr Trajkovski new bourn, sega period na iscekuvanje dali ima nekoj ovaa nedela praveno iui da se druzime
Здраво, Дали може препорака за прва инсеминација ГАК ПЛОДНОСТ New born Или ваша препорака ( Систина , Ремедика) и доктор ? Благодарам
Мојата прва и успешна инсеминација за брзо прави 10 месеци. Секоја препорака за др. Трајковски во Њуборн . Ви посакувам успех и 2 жар црти.
Гак , втора инсеменација , стара веќе година и три месеци. И првата ќе беше успешна, ако имав асална матична , да ми погоди терапија. И реков и за второ ќе тераме исто
Требаше Калчовски, ама на операција заглави поради компликација некоја, а веќе немаше време и некој специјализант беше. Ама стојам зад тоа, дека имав погодена терапија.