Инстант диета

Discussion in 'Диети' started by A.n.g.e.l.a.V, Mar 23, 2013.

  1. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2012
    Messages:
    803
    Likes Received:
    2,402
    Gender:
    Female
    Ме интересира дали ја има некој пробано? И мислење дадете, како ви се чини?

    Освен што ќе намалите многу килограми, ќе го прочистите истовремено и организмот. Авторката на диетата вели дека ако доследно и стриктно ги следита правилата и полниот циклус на диетата кој трае 3 недели ќе намалите околу 10 килограми. Основно правило: треба да пиете најмалку по 2 литри вода!
    Понеделник - секакво овошје со исклучок на банани.
    Вторник - секаков вид зеленчук, зачинет со соја сос, оцет или горчица.
    Среда - Сите видови овошје и зеленчук, со исклучок на банана.

    Четврток – пет банани со 3 чаши нискомаслено млеко.
    Петок - варено телешко, пилешко месо или риба на скара со свежа салата.
    Сабота - телешко и салата.
    Недела - риба и салата.
    Тоа е менито за секој ден. Вие самите треба да го распределите по порции кои ќе му одговараат на вашиот организам. Овој циклус се повторува три пати, односно истото мени за овие 7 дена го продолжувате и во наредните две седмици.
    Наутро може да си дозволите кисело млеко со малку мусли, ако не можете да издржите и ако ве мачи глад.
     
    MarchelineAmaru likes this.
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    2,261
    Likes Received:
    1,347
    И колку кг се ослабува со оваа диета?