Во Слаткарница Рекорд - Гостивар кој пробал знае за што зборам и пред милион години јадев предобраа баклава грчка!!
во Веро на штандот за торти и сладки има навистина прекрасни баклави на кило,разни фкусови со ореви сливи,смокви,вишни и многу други...ептен се вкусни.Но мислам дека на мајка ми баклавата со ореви и лешници е дефинитивно не заменлива
Taa oд Веро, не е лоша, ама не е ништо посебно. Откако јадев баклава во Истанбул, никоја баквала веќе не ми прави мерак тука. Ми кажаа дека имало жени што правеле дома баклави ама по турски рецепт, оригинал. Ако најдете такви, мислам дека тоа е тоа најдоброто. И баклава со фсцтаци дефинитивно, нема ништо подобро.
Кај нас најубава баклава до сега имам јадено во Аладин - арапскиот ресторан, со ореви (и ф`стаци ми се чини беше) е одлична, ама со урми е оргазмична! Совршенство! До сега никогаш немаат штедено на мастраф - него баш напротив, ставаат доволно многу, а и општо баклавата е предобра, во однос на кори, вкус, итн.
Кај една другарка моја. Шала на страна, ама стварно најубава ја прават . Ај нека им дојде некој празник да направат и да ме викне на баклава