Не знам колку сте информирани за оваа серија, и дали некој воопшто ја гледа. Ја добив како препорака од другар кој длабоко се интересира за глума, режија, филм. Дискутиравме за Game of thrones и навлеговме во ваквиот тип на серии. Ја погледнав првата епизода на HBO и ми остави прилично добар впечаток. Серијата има 10 епизоди, секоја од нив трае 50тина до 60 минути. Главна тема: кралот Артур и обработка на стара легенда. Епизодите според мене се налик Game of thrones, или можеби јас од преголема опседнатост правам вакви компарации. Во секој случај нешто слично, борби, секс и во овој случај магии. Впрочем, сите серии на HBO кои сум ги гледала вклучуваат сочен секс. http://www.youtube.com/watch?v=Kdlqn8bJhUQ http://www.youtube.com/watch?v=faF1CS01SS8 Spoiler По усмртувањето на кралот Утер од страна на неговата ќерка, која била претходно прогонета од него, волшебник по име Мерлин, кој позади себе има и те како добра историја, добива визија за се она кое следува и оди во потрага по синот на Утер, вонбрачен син кој е законски наследник на тронот. Артур во текот на серијалот е попречуван за заземање на тронот од страна на неговата полусестра Моргана (онаа која го уби Утер) која за сојузник го зима најголемиот непријател на нејзиниот татко и воедно користи црна магија како би им пречела на Артур и Мерлин во доаѓањето до престолот.
Многу е добра серијата. Ја изгледав за 3 дена целата. Една сезона е, 10 епизоди. Штета, требало барем уште една сезона да направат. Наликува на Game of Thrones, иако таа ми е подобра. Сплетки, интриги, измами, предавства... Магии, љубов... Мерлин - омилен ми е! http://www.youtube.com/watch?v=RqYsVqqyuu0