1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Камелот (Camelot)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Sephora, 12 октомври 2011.

  1. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    [​IMG]

    Не знам колку сте информирани за оваа серија, и дали некој воопшто ја гледа.
    Ја добив како препорака од другар кој длабоко се интересира за глума, режија, филм. Дискутиравме за Game of thrones и навлеговме во ваквиот тип на серии. Ја погледнав првата епизода на HBO и ми остави прилично добар впечаток.

    Серијата има 10 епизоди, секоја од нив трае 50тина до 60 минути.
    Главна тема: кралот Артур и обработка на стара легенда.
    Епизодите според мене се налик Game of thrones, или можеби јас од преголема опседнатост правам вакви компарации. Во секој случај нешто слично, борби, секс и во овој случај магии. Впрочем, сите серии на HBO кои сум ги гледала вклучуваат сочен секс.

    http://www.youtube.com/watch?v=Kdlqn8bJhUQ

    http://www.youtube.com/watch?v=faF1CS01SS8

    По усмртувањето на кралот Утер од страна на неговата ќерка, која била претходно прогонета од него, волшебник по име Мерлин, кој позади себе има и те како добра историја, добива визија за се она кое следува и оди во потрага по синот на Утер, вонбрачен син кој е законски наследник на тронот. Артур во текот на серијалот е попречуван за заземање на тронот од страна на неговата полусестра Моргана (онаа која го уби Утер) која за сојузник го зима најголемиот непријател на нејзиниот татко и воедно користи црна магија како би им пречела на Артур и Мерлин во доаѓањето до престолот.
     
    На 1209 и MissAnn им се допаѓа ова.
  2. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Многу е добра серијата. Ја изгледав за 3 дена целата. :D
    Една сезона е, 10 епизоди. Штета, требало барем уште една сезона да направат. :)
    Наликува на Game of Thrones, иако таа ми е подобра.
    Сплетки, интриги, измами, предавства... Магии, љубов...
    Мерлин - омилен ми е!

    http://www.youtube.com/watch?v=RqYsVqqyuu0