Голем број од научниците се занимавале со испитување на кафе без кофеин. Кафето се обвинувало за голем број на штетни својства, за зголемување на крвниот притисок, но во голем број на случаи не е прогласено за виновно. Декофеинизираното кафе за сигурно нема да предизвика морници, несоница или забрзување на работата на срцето. А бидејќи не содржи кофеин, нема да влијае врз будноста и расположението. Новите истражувања покажале дека кофеинот го намалува ризикот од појава на камен во жолчката и деменција.Малку се истражувања кои го проучувале влијанието на кафето без кофеин врз здравјето и е заклучено дека за сега нејзиното позитивно влијание се гледа само кај дијабетесот тип II. Меѓу потрошувачите може да се јави грижа за методата која се користи за отсранување на кофеинот од кафето, меѓутоа методите се покажале како безопасни. - Дали сте пробале вакво кафе,и дали пиете,или сте против? Јас пијам веќе 3 месеци ,(не постојано) најпрво бидејќи имам проблеми со желудникот и ми влијае кофеинот многу..Вкусот е скоро ист,освен тоа што се осеќа дека е некако посвежо кафето,и не е горко/јако Искрено,прв пат видов вакво кафе дека постои,и се зачудив,па си купив највеќе за желудникот,бидејќи сакам кафе,а неможам да не пијам Пијам и најобично кафе,односно со кофеин,меѓутоа го дружам и ова Вие? Spoiler не најдов ваква тема,ако има клуч
Еднаш по грешка купив вакво, а очајно ми требаше за да ја преживеам испитната сесија. Само влегов во продавница, го џапнав првото што го видов, а не ни знаев дека постои нес кафе без кофеин. Пијам дома, гледам малку поинаков вкус дека има, а јас никако да се расонам. Кога гледам јасно на амбалажата си пишува "Bez kofeinu" WHAT?! Па ајде после отидов пак до продавница и си купив уште едно ама strong! И ене ја кутијата, стои попупразна во кујна, никој не сака да го пие. Летоска си правев ладно нес со тоа, вкусот не е многу поразличен, ама ефектот не е ист.
кафе без кофеин Свесна сум за тоа колку е штетно кафето и како влијае врз нас,меѓутоа пијам и то како,турско да ме ококори без кафе неможам да си го замислам денот
Е што кафе ќе да беше тоа без кофеин? Значи не само што ефектот не е ист, туку и јас си го сакам кафето така појако. И да не го пијам од потреба (т.е. за расонување), сакам да е јако така, да горчи да корни
Добра идеја е кафево. Навечер не пијам кафе зашто ми влијае на спиењето, а очајно ми се пие со некоја серија, па може да го пробам.
На тие што им пречи кафето и им прави проблеми,за нив е погодно,исто така и за тие што имаат здравствени проблеми.Јас лично не го пијам бидејќи мене и турското не ми делува,а не па вакво без кофеин.
пијам без кофеинско еспресо доцна навечер ако гледам филм или ако имам гости и веке сум испила три нормални еспреса а нема смисла да не правам друство . Mене лично ми е многу добро на вкус и нема разлика никаква, но тоа сепак зависи од брендот на кафето.
Јас пиев од цикорија кафе..... не е нешто посебнооо. Ипак јас сум за едно јако нес!! Инаку ова го имам, го има во сите маркети околу 90-100ден.
Oнаа што е во гранули дикеф или дикаф Hескафе не ми е убаво,не ми е доволно јако,но за во машината дома што ја имаме на капсули е,убаво ми е го сакам не се чуствува некоја разлика,еднаш и подметнав на тетка ми зашто таа мислеше дека има одвратен вкус ....и и се допадна
Никогаш не пијам ниту би пиела кафе без кофеин подобро воопшто ни да не пиам кафе отколку да пиам кафе без кофеин.
Сакам да пробам кафе без кофеин, до сега немам пробано нити ми текнало да купам за да пробам. Ама ако ми текне некогаш да купам ќе пробам. Како што сум љубител на кафе(не толку голем, можам и цел ден да се напијам, ама пак го обожавам посебно нескафето) би го пиела и ова.
Имам пробано, вкусот ми е потполно ист, ама јас го пијам кафето, најмногу поради ефектот на кофеинот.
Не сум го начекала низ многу кафичи, освен во Фиренца, ама дома претежно вакво пијам. Дома имам безкофеинско кафе постојано, меѓу другите, затоа што сестра ми е манијак за кафиња, и добро е за срцева болест, па сега редовно кога си правам дома кафе вакво користам, освен ако не се одлучам за ќесичка, што е доста ретко.
Кафе без кофеин, млеко без лактоза, пиво без алкохол...што ќе биде следната измислица на прехрамбената индустрија...?! Идета на пиењето кафе е кофеинот...Во спротивно, преферирам овошен чај.