Не знам за вас ама јас многу ја сакам како готви, малку нетипично за нашето поднебје, но секогаш учам нешто од неа. Е сеа не ми се допаѓа синхронизацијата бидејќи не ги преведуваат продуктите правилно и многу е нетипичен гласот за неа, она има многу помелодичен глас кој не е толку пренасилен како овој на Сител, мислам дека Љуткова ја синхронизира ама не сум сигурна. Spoiler Ако темава е дупла само кажете ми каде ја има и оваа може слободно во канта
И мене ич не ми чини гласот, премногу е напорен за една таква емисија, а прави релативно лесни рецепти. Имав прилика да ја гледам без синхронизација и искрено воопшто не е таква каква што ја синхронизираат, а башка што пола производи грешка ги преведуваат. Боли глава. Претежно прави лесни рецепти, што можеш да си ги напраив сам, ако отидеш на шопинг во Веро, само таму можам да ги најдам производите кои таа ги користи. Не ми се свиѓаат рецептите со риба, обично користи и млеко или млечни производи а мене ич не ми иде млеко и риба. Прави исклучително интересни слатки кои многу лесно може да се направат дома, и честопати сум ги правела. Сестра ми еднаш виде едни макарони со сос од патлиџан, лук и мајчина душичка, и сега секој втор ручек и се овие макарони