Колачи

Discussion in 'Рецепти' started by soledad, Dec 7, 2009.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,114
    Likes Received:
    124,383
    Да не останам покуса,Ferrero Rocher ми се најомилените,ама дефинитивно во домашна варијанта поубави :P
    По рецепт на Моира нормално :)
    Ставив 400гр крем(не користев Нутела ,туку Алпико од КАМ од лешник),некои 170-190 гр наполитанки краш(ги сецкав ситно,ама толку беа свежи што сами си се местеа како треба) и околу 150гр лешници.
    Малку се нааправив лом,иако претходно ја ставив смесата во фрижидер,сепак со оглед на парното брзо се опушта.Преубави се и со овој крем,искрено купив и Нутела(155ден од КАМ),ама си ја оставив само за мене :tmi:
    Ги валкав и во ситно рендана чоколада и во крупно рендана и во мрвици(тоа имав дома).
    Ми излегоа 35 ама не ги правев сите иста големина :tmi:
     

    Attached Files:

  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,283
    Моира, се` убаво- рецептот е стварно супер, и сите се воодушевени кога ќе ги пробаат, ама што правиме со сите оние баби, стрини, тетки, свекрви итн. :D што кога воодушевено ќе ве прашаат за рецептот треба да им одговорите колку е едноставно, и некако сите воодушевувања паѓаат во вода кога ќе сфатат колку брзо и лесно се прави. :devil:

    Зарем нема некој алтернативен рецепт, за такви женишта? :D
    Нешто со промешување од време на време, па делење на пола од смесата и додавање после тоа и сл. :D
     
    Espadrila and MSkorpionka like this.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,611
    ^ Мојот дел од таквите си имаат друга мака, искрено останаа со половина уста кога нагласив дека исклучиво Нутела се користи во колачињата, зашто и мене така ми нагласија.
    :D И сите такви тажнички - Абе добро, преубави се секако, ама скапо, мајке му. ;(
    :D
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    Има, како не - се меша смесата (исклучиво со дрвена лажица, заради реакција на Нутелата со металот), па се меси со раце (нормално без прстени, ех) и пола смеса се става со замрзнувач, а пола во обичниот фрижидер. По 20мин се вадат, за да се измешаат (лешниците се подобри кога се замрзнуваат, па одмрзнуваат) , ама со оглед на тоа дека ќе нема да можат ни лажицата да ја поместат од замрзнатиот дел, ќе треба да чекаат да се одмрзне (само природно, микробранови ова она никако).
    Додека дошол момент замрзнатиот дел да се одмрзни, тој од обичниот многу ќе се растопи, па ќе треба малце да се стави во замрзнувач (за и во него лешниците да бидат поубави нели), и така едно 2-3 пати во круг, додека не се усогласат 2та дела.

    Ако не се откажат до тука, секогаш можеш да нагласиш дека се прави исклучиво НУТЕЛА, може парите ќе ги предомислат :D

    Како и да е, јас си кажувам дека се најлесни и највкусни, и ич не ме боли дали нив им паѓало воодушевувањето или не после тоа, посебно што ние обожаваме разочарани гости кои не ни ги јадат Роше колачињата :P

    И чисто да знете - додавам и 1кгр Фереро Роше колачиња на списокот со хидроген и ѓумбир
    [​IMG]
     
    shushu, ilipili, ph.orhideja and 4 others like this.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,470
    Likes Received:
    37,705
    Gender:
    Female
    Сум заборавила да напишам дека треба и шеќер.
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,114
    Likes Received:
    124,383
    Мајка ми пошто многу ме фали,на колешки од раб.им се пофалила-Леле Ели какви колачи направила :P И овие прашале какви биле,мајка ми ги кажала,и они искоментирале-аааа ,па тоа колачи ли се,ние дома така мешаме ВЕРОНА наполитанки и крем на малите за десерт.И мама ми кажува и велам да им кажеш Нутела(иако ни јас не ги правев со Нутела :D ) и лешници и КРАШ наполитанки.И мама ја фатило инат ги направила со Нутела и си ја подвиле опашката :*
    Они мене Верона наполитанки :punch:
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,283
    Мене, пак, ми е глупо ова потенцирање пред другите дека се користи Нутела, како да е нешто недостижно.
    Кој сака Фереро бомбици, секако дека ќе му испаднат поефтини во оваа варијанта со Нутела, отколку да даде 75 денари за пакување од четири.

    Приближна замена за Нутела сметам дека може да биде [​IMG], ама сепак Нутелата е бренд на Фереро, така што јасно е кој производ најмногу одговара :) .

    А тоа со покомплицираната постапка го кажав повеќе на шала, затоа што таквите жени секогаш ќе си најдат замерка, без разлика каков и да е рецептот. |( :D
     
    Annath and Rubiii like this.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    А бе мене ми е искрено глуп целиот овој муабет околу забелешките на другите луѓе кои сметале дека колачињава не се ништо посебно заради едноставноста на состојките и постапката, ама нема врска :D

    Искрено, кога слушнав (откако прв пат ги пробав) како се прават, ми доаѓаше да си упуцам куршум во чело зошто претходно не ми текнало нешто толку едноставно, а прекрасно.
    Може од иста причина коментираат и жеништата, м? :D
     
    Annath, sesilija, koritsaki and 3 others like this.
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Joined:
    Jan 14, 2011
    Messages:
    1,341
    Likes Received:
    48,074
    Gender:
    Female
    ^^^
    Абе,зошто да не биде просто,кога може да биде сложено :^) .

    И убавите работи во животот, воопшто,се многу прости и едноставни.
     
    Annath, sesilija and Moira like this.
  10. savana

    savana Популарен член

    Joined:
    Aug 18, 2010
    Messages:
    1,770
    Likes Received:
    9,567
    Gender:
    Female
    Сакам дА направам бајадера сега за Велигден, одамна немам правено, па ако може да ми пишете некој поедноставен рецепт. Сакам да прашам за чоколадната глазура, нема ли да се крши и пука чоколадата при сечење или се сече пред да се стегне чоколадата ?
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    Сложен, едноставен е тој единствен за бајадера :)

    Темен дел - 400гр шеќер, 10 лаж вода, 80гр маргарин да зоврие и врие додека да се стопи шеќерот и се додаде 200гр бисквити мелени и 100 гр чоколадо за готвење

    Светол дел - 400 гр шеќер, 10 лаж вода, 80 гр маргарин да зоврие и се додадат 200гр мелени ореви.

    За глазура 100гр чоколадо за готвење се топи со 1-2 лаж зејтин. На ваков начин нема да ти пука чоколадата при сечење.

    за да не се зафркаваш со прв па втор дел, во едно тенџере стави го шеќерот 800гр, 20 лаж вода и маргаринот. Потоа додади ги бисквитите и оревите. Целата смеса подели ја на 2 дела и во еден дел стави го чоколадото. Е сега гледај да поделиш рамномерно на 2 дела :) за да бидат еднакви
    Наместо ореви сум ставала мелени бадеми и исто така убава е
     
    savana likes this.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,072
    Likes Received:
    257,181
    Моира благодарам за рецептот за Фереро бомбиците :* .
    Да не останам покуса, ги направив и јас, трудна сум, па ми се пријаде и си ги направив :emo: .
    Со Нутела од 400 грама, Краш наполетанки, ставив повеќе, околу 250 грама и 160 грама лешници.
    Убави се и вкусни, ама скапи. Ми чинеа околу 350 денари, а ми излегоа околу 40.
    За овие пари ќе направев огромна чоколадна торта.
    Што се скапи, скапи се. Нареден пат ќе ги пробам со поефтин крем.
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,283
    Славица, колку парчиња ти излегуваат од оваа доза?
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342

    Незнам баш точно, несум броела али сигурно има едно 30 парчиња (зависи колку долги ги сечеш). Пробај со пола доза, сигурно ќе наполниш еден тањир
     
    sesilija likes this.
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2011
    Messages:
    868
    Likes Received:
    13,217
    Gender:
    Female
    И јас за празников ги направив Ферерото, но малку модифицирав (после за причината).
    Бидејќи не бев сигурна како ќе ми испаднат, не користев Нутела туку купив крем на Винчини.
    Значи употребив 400г крем, 150г. лешници и околу 150г. наполитанки на Краш.
    Се средив и исецкав по ред и дојде моментот кога требаше да ставам рака во смесата.
    Првпат овде кажувам дека јас не јадам бомбици, а и не правам, како и други колачи кои се прават на овој начин а не се печат
    Ја гледав смесата и не се одлучив да замесам. Измешав со лажица, сосема малку ја ставив во млака рерна и ги полнев корпиците со лажиче. Ми беше страв наполитанките да не изгубат од крцкавоста, но одлично испанаа. Следниот пат со Нутела. Добив 45 вакви колачиња.
     

    Attached Files:

    eli25, Moira and AnaKarenina like this.
  16. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2012
    Messages:
    801
    Likes Received:
    297
    Gender:
    Female
    мињони од костени
    -состојки:
    150гр путер
    150гр шеќер
    120гр бадеми
    1 ванилин шеќер
    1 прашок за печиво
    30 - 4 - парчиња костени

    Фил
    џем од кајсии
    Глазура
    бела глазура од шеќер

    -Пенасто се мати путерот. се додаваат шеќерот,ванилиниот шеќер,печените и пасирани костени и прашокот за печиво. се мати уште малку. на крајот се додаваат мелените бадеми и цврстата пена од белките. на подмачкано и со брашно посипано тавче се пече дебелото тесто. кога е веќе оладено се преполовува. едната половина се мачка со џем од кајсии и се преклопува со другата. од нив се сечат правоаголници. се преливаат со глазура од шеќер. на секој мињон се става костен обликуван од костен пире и се премачкува со чоколадо.



    Наполитанки
    Состојки:
    160гр масло
    10гр маст
    10гр млеко во прав
    1 јајце
    цимет
    2 лажици какао
    380гр шеќер
    100гр презли од кекси
    5 лажици рум
    5 обланди


    -Млечниот прав и какаото се мешаат. шеќерот,маслото и маста се мешаат пенасто,потоа се додава какаото,јајцето,румот,презлите и цимет по вкус. смесата се дели на 4 дела. секој дел се премачкува на 1 обланда,а петтата обланда се става одозгора. се притиснува,се остава да стои неколку часа а потоа се сечат наполитанки.



    Пуслици од лешник
    Состојки:
    2 белки
    150 гр шеќер во прав
    150 гр мелени лешници


    Од 2 белки се мати цврст снег. потоа садот со снегот се става на оган и се мати внимателно да не заагори. кога е висока температурата,варењето трае неколку минути. тогаш одеднаш се става 150 гр шеќер во прав и се меша само 1 минута,па потоа се ставаат 150 гр мелени лешници,сето се промешува и се тргнува од оганот. тавчето се подмачкува со путер и се ставаат пуслиците. врз секоја пуслица се става по половина лешник. пуслиците не треба да се печат туку само да се сушат во загреана рерна.
     
    Sanja.x likes this.
  17. malooto

    malooto Истакнат член

    Joined:
    Apr 6, 2011
    Messages:
    641
    Likes Received:
    380
    и јас ги правев денеска и ги ставив во фрижидер ама некако многу слаба е или зошто ја делив на 4 дела сакав да излезит како купечкине ама се зафркнав и сега е слаба? тебе како ти испаѓа и како ја редиш?
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,114
    Likes Received:
    124,383
    Eве од мене некој рецепт (испробани за Велигден и пофалени :D )
    Бомбици од портокал(ги правев во силиконски калапи)
    Се прави грилијаж од 300гр шеќер.Се лади а потоа се меле.Кога ќе се карамелизира се додава 150гр лешници и 150 гр ореви(мелени).Потоа се додаваат и 300гр мелени бисквити,250гр маргарин(топен) ,100гр чоколадо ,сок и кора од портокал.
    Постапката ја знаете за силиконските дека се премачкуваат прво со чоколадо се ставаат 15 мин во фрижидер па потоа се полнат.
    Превкусни се колачињата и лесни ,прелесни за правење :)

    Еве уште едни,не толку вкусни како првите :lol: ,јас пошто сакам кокос ,ми се допаднаа.
    Се викаат Бонбонерки
    Се прави шербет од 250гр шеќер и 250 гр вода.Се додаваат 100гр чоколадо и 2 лажици какао .Потоа оваа смеса се става во 350гр мелени бисквити ,200гр мелени ореви и 100гр кокос.Ги валкав со кокос.
     
    Moira, ines.h and Annath like this.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342

    Можеби ти е слаба зошто не си го добро направила шербетот убаво да се стопи шеќерот и малку згусне шербетот, па потоа го додадеш маргаринот и останатите состојки. Незнам што друго би било или вагата те зезнала :$
    Без разлика, за друг пат ако видиш дека смесата е течна додавај мелени бисквити или ореви, тие ќе ја стврднат смесата.
    Јас ја делам пола бел пола црн фил но само на едно место имам јадено каде беше поделена на 4 дела како купените од Краш и наместо ореви имаше бадеми, преубава беше
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,388
    Likes Received:
    17,606
    Gender:
    Female
    Еклери
    (мљам мљам мљам)

    Тесто

    400 мл вода
    250 мл зејтин

    Овие состојки треба да зовријат во поклопено тенџере (да пука по малку смесата)
    Потоа (откако ќе поврие водата околу 2-3 минути) се додава едно канче од кисело млеко полно со брашно (убаво збиено, полно до врв), значи тоа би му дошло 470 накај 500 гр брашно (толку беше канче кисело млеко мислам).
    Брашното се додава постепено и со постојано мешање (може и да се тргне тенџерето на страна) за да не се згрутчи.
    Откако добро ќе се разбие брашното, се остава смесата да олади па во неа се додаваат девет јајца и се меси со рака додека тестото да почне да одлепува од садот (да биде добро замесено.)
    Потоа тестото се става во калап за толумби или друг, може и со кеса пресечена во аголот, се прават правоаголни или округли форми (по желба) директно во тавче за печење кое е претходно малку намрснето со зејтин. Еклерите се ставаат во претходно загреана рерна на 250 степени,
    Многу е битно да не се отвараат еклерите додека се печат за да се надуваат убаво, а преку стаклото кога ќе приметите дека се веќе запечени добро, може да отворите за проверка.

    Фил
    5 пудинга од ванила (јас користам од тие од Кам, 5 во пакување) се раствораат посебно во ладно млеко (одземени од вкупната смеса за варење) , се варат со 2, 5 литра млеко во кое се додаваат и 3-4 лажици густин (растворен добро во малку ладно млеко или вода) и 22-3 лажици шеќер (според упатството на пудингот), јас секогаш намалувам некоја лажица од вкупната количина шеќер (се зависи од вкусови и желби). Откако ќе се свари пудингот се остава да се олади и потоа му се додава еден маргарин и филот се мати со миксер. Потоа се полнат еклерите и се посипуваат со топено чоколадо за готвење (растопено со зејтин).