баш за овој проблем ви пишав пред два месеци кога го седнав бебе во фејм. Пишав директ и во макси кози и во бебехоум бев да им покажам колку всушност не е мислено на ушињата. Од бебе хоум ме препратија повторно да пишам во макси кози, а макси кози ме имаат ставено на игнор. Кај нас не може да се извадат навлаките воопшто сошиени се, а не може да се врзе без каишите напред. Катастрофа, морам да го возам клемпав во ушите…. Комплетна утка им е седиштево.
Јас успеав некако да и ги наместам, не се страшни веќе. Ама да имаш право, многу лошо се изработени и воопшто не е мислено на ушињата.
Кај мене единствено сега помага најдоле каишките, и она на најиправено седната. Само така не се клемпави. Многу глупо некако на количкава. А и хранилка, релаксатор, седиште во кола - се' ми е од нив и никаде не се такви каишките. А за да биде врзана, мора целосно или не бива.
Не сум дома сега да сликнам, на работа сум. На сликава ги обележав, тие горе-доле се мрдаат. Не е плаза моделов, ама оваа слика ја најдов кај што се познаваат каишките поубаво.