баш за овој проблем ви пишав пред два месеци кога го седнав бебе во фејм. Пишав директ и во макси кози и во бебехоум бев да им покажам колку всушност не е мислено на ушињата. Од бебе хоум ме препратија повторно да пишам во макси кози, а макси кози ме имаат ставено на игнор. Кај нас не може да се извадат навлаките воопшто сошиени се, а не може да се врзе без каишите напред. Катастрофа, морам да го возам клемпав во ушите…. Комплетна утка им е седиштево.
Јас успеав некако да и ги наместам, не се страшни веќе. Ама да имаш право, многу лошо се изработени и воопшто не е мислено на ушињата.
Кај мене единствено сега помага најдоле каишките, и она на најиправено седната. Само така не се клемпави. Многу глупо некако на количкава. А и хранилка, релаксатор, седиште во кола - се' ми е од нив и никаде не се такви каишките. А за да биде врзана, мора целосно или не бива.
Не сум дома сега да сликнам, на работа сум. На сликава ги обележав, тие горе-доле се мрдаат. Не е плаза моделов, ама оваа слика ја најдов кај што се познаваат каишките поубаво.
Количкиве лесно се склопуваат за во мал гепек или мака мачите за пренос? Пошто гледам дека некои колички се полесни а некои потешки...
Зависи која. Јас немам таков проблем со мојата количка. Не ни е нешто голем гепекот ама количкава си ја собира без проблем.
Некој да има искуство со оваа количка? https://www.smythstoys.com/at/de-at...io-kinderwagen-3-in-1-moonlight-grau/p/226146
Не знам дали си земала ама со урбино количката нема да згрешиш. Прелесна е! Ја гледав и на Ананас на акција
Ние ја земавме Лена од либерта, некако ми беше убава на лик и лесна бидно ми беше да се прави корпата накај мене и напред и искрено не ми се даваа повеќе пари гледајќи од другарки и роднини после година дена детето претежно сака да се вози во точаче, тротинет
Ја имаме оваа количка https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-plaza-essential-graphite/ и до пред некоја недела обожаваше да се вози во корпата, си спиеше, гајле немавме. Ама сега почна да кенка и да сака да гледа наоколу и не знам во што да го возам? Во транспортерот ми викаат не било убаво, а во корпата не сака. Тој третиот дел е за после 5 месеци, кога ќе седи. Има ли чаре?