Јас имам смеѓа коса и купив од палете колор шампон chocolate brown ама се плашам да не ми излезе на портокалово. А и упатство за употреба, колку време се чува нешто некој да не знае? Го загубив мојто
Фала Сеси, јас темава незнамев дека постои, не ми текна да пребарам. Ај сега од ново, кај да најдам колор шампон?прелив или било што такво? Јас користев на палете, ама ми рекоа веќе не се произведуваат. Било каква информација е добредојдена
^ Мајка ми користи колор шампони веќе долго време. Ги купува од парфимериите, а сигурно ги има и низ Космо и сличните такви дрогерии. Убава костенлива боја испаѓа - Марион е мислам марката, немам моментално мостра за да проверам, ама еве отприлика вака изгледа - иако е мала сликата, се гледа барем што има отприлика. Убаво и фаќа нејзе, ама има малце црвеникав сјај, да си знаеш.
Треба да ги има во сите парфимерии ,а цената им е 60 денари. Лично би ти ги препорачала шампоните на Палет ,тие барем траат околу две недели со минимално избледување ,а овие на Марион (трипати со ред ставам вакви) веднаш бледеат и уште при првото миење оставаат една гнасна портокалова нијанса што не прилега на никој Spoiler (јас моментално изгледам хорористично - ко да сум ја нурнала главата во шерпа со ајвар ).
Од Палет нема да ти излезе портокалово ,гарантирам Се нанесува на измиена коса ,но само со обичен шампон ,без регенератор. Се шампонира косата додека не ти се направи пена и се чува така 40-тина минути ,исто како фарба. Пожелно е да си ставиш кеса врз главата бидејќи многу капе ,да не се извалкаш После се мие убаво ,се става регенератор (по желба ,ако користиш) и ете ја новата фризурка
Јас имам светло кафеава, повеќе накај златна боја ми иде косата...ке ми фати ли плав колор од палете?
Има пена за коса во боја од фирмата Annyer ,дава многу убава сина нијанса. Би требало да ја има во сите парфимерии и чини околу 120 денари. Се нанесува на цела коса или на прамени ,зависи како сакаш да ти излезе ,можеш да ја оставиш на коса до следното миење ,а можеш и да ја измиеш по 40 -тина минути. Бојата паѓа по две -три недели и избледува на секое миење.
ви ги читав вашите мислења и сите некако имате различно искуство со колор шампоните на некои имсе трефнала бојата,марката на шампопонот па ај вака некои работи да ми кажете палете гарниер, лорвен кои се подобри значи ме интересира ја немам фарбано претходно косата воопсто само мн одамна имам ставано кна посо ми кажаа дека помага при опаѓање исл е сеа сакам пред фарба да пробам со колор шампонама како што прочитав тука не фаќало на темна коса мојата е темно кафеава скоро црна со малку махагони сјај на светлина веројатно од кната ,па сакам да ја осветлам за 1 до 2 нијанси да ми даде некоја посветла нијнса дали би ми се осветлила ако земам некоја нијанса на лесник или сл пошто ако земам на чоколада или кестен или светла кафеава воопшто нема да има промени ,и уште нешто ме збунивте тие на colour and shine пишува дека се фарби само без амонијак како и лореал кастингот па не ми е јасно зосто неможе да ја променат бојата на косата и дали тие или некои други колор ш ај посочете ми некоја марка која се нанесува баш како шампон да не мора на фризер со четка дел по дел да ти ја мачкаат и ако може како се става колку стои на сува влажна измиена сл и дали се врака природната боја и поле колу недели и дали после кога ке избледи бојата рамномерно избледува
Дечки а оваа од Гарниер Колор енд Шајн е фарба или колор шампон бидејки видов дека се става и хидроген па не ми е баш јасно?? Објаснување плсссс
Имам светло кафеава коса и летово пробав со црвен колор шампон, ама бидејќи имам долга и густа коса а користев едно пакетче не ми се фати.Во септември повторно пробав со црвен вино боја колор шампон, употребив две пакетичиња и ми се фати и еве трет месец се уште имам некоја црвеникаво-розева нијанса
Не ме остава на мира идејата да се офарбам црна со колор шампон. Имам бел тен и зелени очи и по логика би требало да ми стои, ама сите што ги прашав ми рекоа да не се глупирам. Можда ќе изгледам ко Баба Рога, ама јас повеќе се замислувам ко Снежана (бело заруменето лице и црна коса во контраст со снегот - ако падне зимава)
Кетринче ,нема да ти фати скроз црна со колор . Ќе ти биде потемна косата ,ама со црвенкаст сјај кој после првото миење ќе премине не во сјај туку во црвена овоеност на косата . Од мое искуство ,подобро не пробувај , бидејќи колку што имам проверено нема други колор шампони освен Марион ( барав и Палет ама ги нема во производство повеќе ) , а од нив каков и да ставиш на крајот излегува нијанса измеѓу портокалово и црвено ,која тешко се измива . Да додадам - шампонот фаќа ( како - така ) само ако имаш многу светла коса или ако ти е фарбана плава . Барем кај мене така излезе , се обои само делот што ми беше плав ,додека кафеното си остана кафено . Види ,разгледај ако најдеш некаде од Палет , ама за овие Марион би те предомислила , квалитетот им е правопропорционален со цената . Поздрав и извести не што си направила
Дали некој ТОЧНО знае каде да купам колор шампон?! затоа што денеска ги превртев сите маркети и аптеки неможам никаде да најдам