Здраво, сакам да офарбам дел од косата црвен, дали да пробам со колор шампон пред да се фарбам и каде да најдам колор шампон?
Девојки дај кажете нешто слично на колор шампонот, што паѓа постепено со секое миење ама не толку брзо како колорот. Во парфимерија ми рекоја да земам фарба со амонијак и се мијала како колорот, само подолго ја држела бојата.. Дајте некој совет, или препорачајте ми нешто
Слично на колор шампонот е кната и таа паѓа на секое миење но не толку брзо како колорот и косата е посјајна а слушнав и дека ги зајакнувала влакната
Ако имаш многу бели влакна нема да фати баш убаво, знам по мајка ми. Ако се малку, држи го подолго време и ќе ги прикрие убаво.
и јас сакам да се праам со плав колор шампон, ама ме интересира по колку миења на косата паѓа бојатА?
Зависи каква ти е твојата природна коса. На темна коса не фаќа, јас имам скоро црна коса и ми фаќа само црниот колор шампон :/ треба и природната боја да ти биде мн светла, слична на колор шампонот па за да ти фати.. А другите бои на светла коса фаќаат сите. Паѓа по 4-5 миења
Девојки, имам светло кафена боја на коса и сум шатирана, но шатираните прамени веќе до половина ми се израснати. Сакам да ја исфарбам плава дали ќе ми фати колор шампонот? И по колку миења ќе ми се врати природната?
Мислам дека ќе ти се фати бојата оти имаш светло кафена коса стави 2 ќесички. И бојата паѓа за 4-5 миења.
Ве молам за помош ако мозе да ми кажете кој колор шампон да го употребам за да ми испадне ваква косата... фала однапред!
Еднаш во животот се излажав да ставам колор шампон бидејки сакав многу црна коса. Купив црн колор шампон без преливи и такви работи, и добив зелена боја.Колку само се нервирав, не се миеше и морав да се фарбам за да го тргнам зеленилото. Одтогаш веке не ни помислив на колор шампон