денес купив шампон-марион- се вика без амонијак е и го земав 80 ден.ке го пробам утре па ке видам каков е...како и да е фала ти на информацијата,ке знам за следен пат каде да одам
Марион се вика фирмата мислам, полски се. Јас земав вино црвена нијанса, си направив омбре и супер ми излезе. Прво прекрасно мириса на џем од малини (или мене тоа ми се јадеше во моментот ) а и доста долго ми траеше. Е сега јас имам светло кафена коса и брзо ми прима боја и ми осветлува, сигурно и тоа влијаеше.
Пробав пред некој месец да си ја осветлам косата со колор шампон и не ми фати. . Имам не многу темно кафена, ама не ми фати ама ич . Сега сум во план да пробам црна да ја направам, па се надевам дека барем потемно ќе ми фати ако веќе не сака посветло . Иначе да, ги покрива. Мајка ми со колор шампон се фарба и и ги покрива убаво.
Јас еднаш само ставив колор шампон, сакав да добијам нешто светло кафеава, ама не ми фати. Не знам точно каков беше, мислам на полски дека беше напишано. Сакам на Палете да ги пробам. Дали се подобри? Мојата е темно кафеава и сакам да ја осветлам, ама не знам дали ќе успеам. Може само сјај ќе добие оти како што читав на темните бои не фаќале светлите нијанси.
Девојки ај препорачајте ми некој добар, црн колор шампон, се имам правено со Marion ама не ми фати многу. Инаку имам темнокафена коса.
Јас би ти го препорачала овој http://i.imgur.com/XOqGaA4.jpg бидејки стварно е убав и не ја оштетува косата. Јас го имам користено плавиот бидејки имам плава коса и многу убаво фати.
денес купив од palete колор шампон и не ми ги покри седите, знае некој кој производ од шампонот ги покрива ??
Девојки имам светло кафеава коса сакам да ставам колор шампон ама се мислам помегу црвена и плава ке видиме има време.. Ке може некој да ми објасни поубаво.. дали после тоа остануваат некои траги, дали се оштетува косата, колку време одприлика стои?
^ Не се oштетува косата и не остава никакви траги, паѓа при секое миење, а скроз може да ти испадне за 2 недели. Зависи колку често ја миеш косата.
А може некој да ми каже од кај ги наоѓате колор шампоните? Јас си купував од аптека али изгледа сите ги испокупиле па јас неможам да си најдам. Ми остана на пазар уште да побарам. Денес барав во зегин али таа се зачуди дури ко да барам сендвич или тост Кога највише ми треба нешто неможам да најдам А следен пат ако видам у зегин такво нешто ќе викнам инспекција зашто продаваат артикли што не ми требаат во моментот!!!
Побарај во парфимерија или во некој од поголемите маркети. Неможе. Над к'ната ни колор шампон ни фарба фаќа. Ништо неможе да ставиш дури не ти испадне скроз кната.
јас имам темно кафеава, ако ставам некоја посветла или евентуално плав колор шампон кје ми ја осветли ли барем за некоја нијанса?
Јас имам земено од палете 2ката... Мојата коса е кафеава, а таа на сликата е русокоса и реков да ги осветлам врвовите нешто демек како омбре, ама ништо не испадна... Мислам пишуваше да се чува 15-30мин, јас ја чував 1 саат и ништо. Колку што имам слушано и со фарба е тешко да се осветли темна коса. Сега сакам да земам црн колор шампон, бидејќи не сакам да се фарбам, а сакам да видам како ќе ми стои друга боја на коса... Па ако има некој искуство нека пише.
Мисиш Ginger hair? Таква боја Неам видено тука јас кај шо живеам..До душе и не е големо местото..Ама кај шо има поголем избор би требало да продават?