Дали бојата на колор шампонот се губи подеднакво ако е косата на пример бланширана плава? Ми е страв да не ми остане црвена нијанса засекогаш зошто си ја сакам плавата. Има врска бланшираната коса повеќе да "апсорбира" боја отколку природната? Ако имал некој искуство нека пиши )
А како постигна плава , зашто нели ми кажа дека од црна кафена си ја осветлила? Види , колор шампоните брзо се испираат, поготово на коренот , овде некои неквалитетни фарби ко палете по 1 недела коренот ќе го видиш подраснат , а за колор шампон да не збориме. А каква плава ти е сега косата? Инаку на бланширана коса подобро факаат фарбите секако , јас ти препорачувам да си користиш фарба а не колор шампон зашто вака ќе треба секоја недела да ја фарбаш косата , еве земи некоја од гарниер колор сензејшн фарбите, убаво мирисаат не ја горат косата ко останатите а имаат и убави плави нијанси.
Многу работи и се исподешаваа на косава, сега ми е бланширана плава, али небитно. Сакав привремено да видам како ќе ми стои црвена, еве нели колор шампоните паѓаат со миење, и евентуално ќе си ја вратев плавата. Прашањето ми беше да не ми ја обојат колоршампоните косата трајно црвена макар и бледа да е па после да не треба пак да ја бланширам за пак плава да е. Зборувам за оние во ќесички што се, се нанесуваат буквално ко шампон.
Не би ти препорачала да ставаш црвена , да тие се испираат лесно ама ќе ти остане црвениот сјај јас кога бев црвена еднаш само се офарбав и потоа сакав црна и ставив црна боја и пак го имаше тој црвен сјај и дури не ја ишишав го имав тој црвен сјај. Најубаво стави си плава фарба црвената најтешко се вади бетер од црната е
Имам смеѓа коса со некои плави прамени. Со кој колор шампон ќе ми испадне косата за неколку нијанси посветла ама да не бидам плавуша скроз ?
Секој си прашува, а никој не чита од претходно. Сите сакаат на тацна. Конкретно за ЧНМ, само на оваа страна има 2 одговори на твоето прашање.
Дали случајно ја имате миено косата со кафе? Велат сека ја зацврстувала и и давала потемна боја..Исто сум слушала и со лимон за посветла..Единствената причина заради која ги немам пробано ни едното ни другото е тоа што не можам да се одлучам каква сакам да ми биде.
имам темно кафена коса. Летото ставив темно виолетов, па црвен, така си се заредив, и 6 ги ставив од јуни до септември средината...уште сум црвенка, имам некој таков отсјај, корените ми се кафеави само... сега сакам да ставам црн колор. ќе се фати? ккако би било со црн и дали лесно се вади како другите? велат нели, за црна фарба дека мнооогу тешко бледнее
Ќе фати само 100% ќе имаш и делови што ќе бидат црвени , со црвен отсјај. Пример ќе ти кажам,пред 2 години јас од црна црвена се офарбав на фризер потоа друигот месец ми текна црна да се вратам и тоа фарба ставив и секое фарбање црвените делови се гледаа поготово на сонце. И се додека не ги ишишав деловите се познаваа нема врска што се фарбав со месеци.. таа црвена боја ми е најкатастрофа. А за вадење многу побрзо паѓа колор шампонот од фарбата
Каква и да имаш фарба, секогаш кога ќе паѓа прво ќе наѕира тој црвеникав сјај. Црвениот сјај е претешко да го отстраниш, затоа треба убаво да размислиш пред да се фарбаш црвена.
Јас си купив син од ДМ у сити мал Јас си купив син од ДМ у сити мал дечки а може ли да ми кажете, ако некој има искуство, како се користат колор шампоните на палете? нема упатство :/
Ако е од овие,се нанесува на влажна,чиста коса и треба да се користи со нанесување со прсти и масирање на главата исто како шампон..али јас секогаш го користам како фарба односно го нанесувам со четка да се осигурам дека секое праменче е покриено
Пробав уште еднаш со плав да ја осветлам ама само сјај даде и можеби една нијасна посветло...Ама сеа овој пат како да имам ногу првут од кога се измив
мојата природна боја е темно смеѓа,фарбана сум со црна фарба ,а последните 4-5пати со црна кна...дали да ставам темно кафеав колор шампон или модро црн? кој би имал ефект? иначе имав опаѓање и ретчење на косата пред некое време,сега е во ред да речам,ама да не има овој колор шампонов некој штетен ефект па да ми паѓа пак?????
Ни еден мислам дека нема да има ефект ама ако веќе си решила подобро црн. И мислам дека нема врска со опаѓањето
и јас така си мислам.... црн зошто не би имал ефект? јас сакам сјај и волумен најпрво,а бојата не ми е толку пресудна/.... палете колор шампон,или фарба без амонијак? што мислите?
Чекај сакаш да ја фарбаш за да ти биде поубава или.. Јас мислев дека ти е исшарана па затоа реков дека колор шампонот нема да ти направи разлика. А за посјана и бујна мораш маски да користиш
да,сакам посјајна.... сега ми е црна со црвенкав сјај кој вероватно го добив од кната....затоа сега сум во трилема-кна,колор шампон или фарба без амонијак? целта ми е многу сјајна црна или темно кафеава коса,иначе не ми е шарена,не