1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Копилето од Истанбул (Елиф Шафак)

Дискусија во 'Книги' започната од ApoLLo, 13 јуни 2012.

  1. ApoLLo

    ApoLLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    Биографијата на авторката бележи дека таа често пишува за мултикултурализмот, еднаквите права на жените, спротивставеноста на Западот и Истокот. Ова звучеше доволно привлечно за да почнам со читањето веднаш.
    Иако книгата почнува бавно и првите неколку страници ме наведоа на помислата дека ќе биде здодевна, сепак, понатаму, напротив, дејството се одвива брзо, раскажано на еден интересен стил со јасно издвоени карактеристики кај секој од ликовите.
    Асја ја имала судбината да е копилето (колку и да не го сакам зборов, морам да го употребам тука) од Истанбул.
    Од една страна, да се биде вонбрачно дете во Истанбул и не е така лесно, но од друга страна, токму тој факт ја прави неверојатна, почнувајќи од самиот почеток на нејзиното постоење, кога сплет на околности оневозможуваат мајка ѝ да абортира и да се откаже од неа.
    Со цела женска свита околу неа, таа е дел од семејството Казанџи, во кое машките примероци не преживуваат баш многу. Додека Асја се обидува да помине преку серијата секојдневни ексцентричности тивко потпевнувајќи си Why me, Lord, what have I done..., остро бунтувајќи се против сè и сешто и висејќи во едно локално кафуле со пријатели доволно стари да ѝ бидат родители, на другата страна од океанот живее Армануш, растргната помеѓу спротивставените очекувања на нејзините разведени родители. Двете девојки не ни помислуваат дека се посуштински поврзани.
    И покрај заедничкиот копнеж по слобода и независност, едната девојка бара нишка поврзување помеѓу минатото и сегашноста, за да го пронајде својот идентитет, со што ќе си помогне во иднината, додека другата девојка потајно посакува да нема минато, да побегне од него, а и од сегашноста.
    Многу ми се допаднаа вешто извајаните ликови – секој ексцентрик на свој начин, а сепак делуваат реално.
    Ме исфрустира различниот третман на мажите и жените, лажната моралност и стремежот кон привидни семејни вредности. А најмногу од сè ме исфрустира реалната потреба на мајката на Асја долго да ја чува горчливата и мрачна тајна за нејзиното зачнување, поради што, откако ја затворив книгава, грутката во грлото стоеше уште некое време.
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Мене оваа книга многу ми се допадна со многу добро оформени личности, секој специфичен и различен на свој начин. Интересна, непредвидлива содржина која те бржи во неизвесност до самиот крај. Вреди да се прочита!
     
    На ApoLLo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Денес ја зедов книгава, да ја прочитам ќе пишам и јас впечаток. :)
     
  4. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Сега ја видов темава, а претходно веќе го кажав своето мислење во „Последна прочитана книга...“
    „Копилето од Истанбул“ е прекрасна книга која ми се допадна и ми остави силен впечаток... Темата е интересна, испреплетена со настани од минатото и сегашноста, опишувајки го животот на турската жена...
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ми се допадна.
    (На минорните грешки во преводот ќе замижам.)

    Особено ми се допаднаа деловите кога го опишува пазарот, па некои продавнички... милина. Чувствуваш миризби на цимет и гледаш околу тебе шаренила во сите бои. Ептен сликовито и речито. Музика со зборови.

    А за тоа колку интелигентна и интригантна беше приказната.... Одлично!
     
  6. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Книгата е преинтересна само досадни ми беа деловите каде што тетка Бану прави моабет со џиновите :lol: