Рано сте направиле серолошки тест, не може сега да даде релевантни информации. Инаку добро објасни @feministika
Дали брзите тестови даваат точен резултат какво ви е искуството? И дали се плаќаат, некаде прочитав дека се плаќале 1000 денари?
95/6%, ако не и повеќе, даваат точни резултати. Од наше искуство, што лично што од познаници, 100% точни резултати дадоа, проверени и на Пцр тест. Само треба во право време да се направат, минимум 5-6 дена после контакт ако се нема симптоми, ако има симптоми максимум 6-7 дена после прв симптом ќе дадат точен резултат. Државно не се плаќа, приватно 1000ден.
Маж ми де тестираше за антитела, еве ги резултатите. Колку што разбрав ова се малку антитела останати, ама со оглед на тоа дека во Март бевме болни мислам дека и ова е добро, што значи детално резултатов, знае некој? Значи сепак моите претпоставки биле точни сме биле болни од корона тогаш.
Дали треба да се закаже тестирање во приватните клиники или одиш и се тестираш само во било кое време??
Имаше некоја информација дека и тие што немаат здравстврно осигурување маѕичните ке ги лекуваат бесплатно. Знае некој дали е точно?
Здраво јас еве неколку дена имам затнат нос и малце грлово ме греби поткашлувам малце а мирис никаков не осејќам и нз дали тест да правам за корона можеби е обична настинка
Дали во другиве градови ,освен во Скопје ,може да се направи тест за антитела? Конкретно за Прилеп прашувам
После колку време од позитивен тест е најдобро да се направи тест за антитела и дали се испитуваат антитела кај мали бебиња ?
Еве јас немам здравствено позитивен тест вчера матичната ме води без проблем ми се јавува да ме праша како сум, само све што треба терапија мораш на приватно ама рецепт ке ти даде матичната со лесно
Дали Igm значи дека моментално немам вирус или и дека воопшто не сум прележала? Имам последици како сите позитивни и сите можни симптоми