Зошто би било лошо? Ако си имала контакти со позитивни можеби имаш клеточен имунитет, кој не е мерлив. Има позитивни кои немаат антитела.
уште ова да те прашам, сестра ми има 872 ,тоа лошо е или не е ? Знам дека има антитела, бидејки е >21
Колку е брз тест во Плодност Битола со превод на Англиски јазик? Во ЦЈЗ е 1000ден., па чисто за споредба, да знам каде да правам
Девојки каде да направам ПЦР тест во Скопје? Ми треба само ПЦР тест за патување,на англиски да биде резултатот, никакви брзи тестови никакви анти манти гени тела. Све испревртоа испокомплицираа па неможам да се снајдам. И за колку време излегуваат резултатите, бидејќи 72 часа до патувањето треба да имам тест. Дали се закажува или може и така да се отиде? И колку чини.
Хеј девојки. Направив тест од аптека. Негативен е. Е сега,се раскраврив на стапчето имаше крв малку па се надевам дека не е неточен. Ваљда повеке сум брцнала.
Здраво. Не знам дали пишувам во точна тема, но имам едно прашање до вас па доколку некој има искуство и знае може да ми одговори. Позитивна сум на Ковид 19 , но немам никакви симптоми и како што е законот треба да бидам во изолација 10 дена како асимптоматски случај. Но прашањето ми е дали јас можам да си направам брз тест на приватно и ако сум негативна да излезам од изолација порано, конкретно 3 дена порано? Дали тоа го дозволува законот во Македонија?