Која цена се движат тестовите во приватните болници? Дали се закажува и за колку време е резултатот? Дома направив 3 теста на сите 3 сум позитивна, на државно не ми се чека за термини па затоа сакам на приватно.
Правевме тест за антитела тој од аптека што е со какпка крв бидејки мм не е вакциниран а незнаевме дали е прележан,не покажа нит игг нит игм едно еден сат го погледнував на секое и го баталив,после два часа кога погледнав имаше цртки кај свете и ме збуни. Дали после два часа се рачуна како да има антитела или само првите 15 минути се рачуна ако излете цртата
Од Зегин е тестот за антитела? Realy така? Ако да, макс. 10мин. по ставањето на примерокот е валиден резултатот.
Која цена е тестот за ковид во систина но да покажува и дали имам прележано? Општо и за другите приватни болници. Испитав вчера кај нас на државно негативна сум но сакам и на приватно.
Како да покажува дали имаш прележано? Ти може да имаш антитела, ама ако не ти е потврден позитивен тест во лабораторија, нема да се смета дека си прележала.
Релевантни ли се тестовите за антитела?Од кога почна пандемијава, ниеднаш не сум се тестирала да видам дали имам антитела. Ме интересира ептен.Вакцинирана сум со две дози (од тие сигурно немам многу) ама може сум закачила некогаш, а да не знам (т.е асимптоматски)
Нема еден, општо дали имам?Не сум имала досега симптоми.Да не фрлам џабе пари на два.Или бар од болест ќе испитам, од вакцинава немам многу 100%
Можно ли е тестот да е лажно негативен? Направен на 2 ден симптоми пср, матичната вика крвна слика укажува на корона иако е негативно. @Ahoy да не си прочитал за такви случаи? И сега пак ако прави, веќе ќе биде 5ти ден би покажал реално? Многу ми е чудно зошто да не даде реална слика кога има симптоми. Ако е вака кај повеќето, ќе испадне многу повеќе се позитивни од дневната статистика.
Можно е. Девер ми позитивен со изгубен вкус и мирис а јатрва ми исто без вкус и мирис негативна. Лошо земен брис