@Sweety pie оди по сите банки и распрашај се дали ќе ти дадат кредит за да се рефинансираш. Ова ако примаш плата. Најголеми шанси имаш во прокредит и шпаркасе. Ама мораш да си искрена за кредитната историја и да кажеш зошто сакаш да земеш кредит(за да ги затвориш остантите). Прашај кај брзите ако ги платиш во кеш цела сума колку ќе одбијат од сумата што треба на рати да ја враќаш и израчунај си колку вкупно ќе ти треба да подигнеш нов кредит. Ако не си блокирана во кредитно биро и ако си во работен однос би требало да ти одобри и обична банка. Само мора да си по упорна и да одиш и во повеќе експозитури од иста банка бидејќи зависи од вработениот дали ќе ти даде кредит. Ова го кажувам од искуство на моја блиска личност која имаше скоро идентичен проблем и постапи вака.
здраво дали знаете банка што одобрува кредит ако имало трансакции кон видеолотарија? прашав стопанска и комерцијална не одобруваат
Дали некој знае за колку време одобруваат кредит во НЛБ банка и колку сте задоволни?Аплицирав пред два дена кредитна историја е малце лоша ...имаше картичка блокирана на барање на банкарката ја затворив и однесов потврда . Треба да ми рефинасират кредит од УНИ ,уште една картичка и неколку брзи...банкарската рече можно е да побараат жирант, иако исполнувам услови и со плата и со рата...
НЛБ побара не еден ,два жиранти....кажете која банка може да ми даде кредит без жиранти додека не доспеале ративе на брзите и да ја загрозат пак историјата...
Здраво дали некој знае дали може да ми одобрат паралелен кредит во д 120000 денара да затворам брз кредит а имам веќе постоешки
Здраво, дали има некој искуство со потрошувачки или хипотекарен кредит на лице со договор на дело на 1 година со странска компанија од која редовно секој месец има редовни месечни приливи на основа плата кано фриленсер ? Приходите се секој месец околу 3000 евра
Ќе бараат жирант и учество поголемо, тоа секако, иако се високи приходите, според банката freelance е нестабилен приход, во смисла овој месец имаш многу, другиот месец може ич, нив им треба некоја поткрепа и заштита, затоа на неопределено полесно одобруваат, важно е како freelance, да имаш некој континуитет и договор со ист клиент, тоа го земаат во предвид, и сметаат дека можат да се заштитат. Прашај НЛБ или СТБ, за најдобри одговори.
Прашај во Прокредит, јас имав така побарано кога работев фриленс со отприлика таа сума на плата, и ми го одобрија.
Вработена на неопределено, околу 50.000ден плата, во Стопанска банка сум. Колку би ми одобриле кредит најмногу и колку е камата, а исто и која друга банка е океј за земање кредит? Има разлика во намената на парите? ми треба за средување куќа.
Ќе треба да им ја кажеш точната сума што ја земаш на плата за да можат да ти направат точна пресметка. Стопанска се супер за кредити и имаат најниска каматна стапка, мој совет направи си муабет во најблиската филијала, они ќе ти направат пресек од сите плати и ќе ти кажат колку можеш да земеш, колку ќе ти биде месечната рата. Меѓутоа мислам дека со таа плата и на неопределено ќе можеш да земеш. Сега зависи и колку нормално, ама тоа само таму може да ти го кажат. https://www.stb.com.mk/naselenie/krediti/potroshuvacki-kredit/do-1-500-000-denari-25-000-evra/ Еве сега гледам имаат и промотивен период.