Лани бевме на мала крштевка, немаа фотограф. Имаа балони ставено таму кај тортите. Не нешто премногу ама беше украсено, како во полукруг наредени балони во 3 бои (розево, темно розево, светло розево). Таму се сликавме со малото, со телефон и со (домашен) апарат. Сликите беа убави. Според мене убаво е малку да е украсено ама сепак единствено зависи како си сакате вие Чисто за споредба, кај нив па на масата немаше ништо. Така да направете си како си сакате вие
Ние ќе правиме исто мала крштевка ко вас, јас имам тема и купено салфетки, картички, чоколатца, плус се договорив за балони и позадина за сликање. Исто фотографот ќе биде само во црква ама мене ми е мерак, плус сега сите имаат добри телефони ќе се направат и така добри слики.