Лани бевме на мала крштевка, немаа фотограф. Имаа балони ставено таму кај тортите. Не нешто премногу ама беше украсено, како во полукруг наредени балони во 3 бои (розево, темно розево, светло розево). Таму се сликавме со малото, со телефон и со (домашен) апарат. Сликите беа убави. Според мене убаво е малку да е украсено ама сепак единствено зависи како си сакате вие Чисто за споредба, кај нив па на масата немаше ништо. Така да направете си како си сакате вие
Ние ќе правиме исто мала крштевка ко вас, јас имам тема и купено салфетки, картички, чоколатца, плус се договорив за балони и позадина за сликање. Исто фотографот ќе биде само во црква ама мене ми е мерак, плус сега сите имаат добри телефони ќе се направат и така добри слики.
Ние имавме голема крштевка ама само ручек. Исто сликарот во црква и дојде само на влез ни направи слики со гостите. Имавме дел со балони украсен баш за сликање.
Јас имав мала крштевка / родители и кумови / старосватите ни се преселија во странство тазе, така да не можеа да дојдат. Фотограф имавме и во црква и во ресторан пред ручекот. Декорација имав на масата и картички со добредојде и свеќички украсни за спомен со името на ќерка ми и датумот за сите гости. Немав балони ама брат ми се појави со огромен аранжман со балони па исто ко да имав ќерка ми беше 2ипол месеци во сред август. Штознам за сликање на крштевка некако мислам не се обавезни слики со пано и балони, некако интимен момент ми е. За роденден сега секакоооо за да имаме слики со сите гости и голем настан ќе биде секако
Ние бевме само домашните, кум и старосват. Фотограф само во црква имавме, а декорација со балони имав и се сликавме со телефон.
Dali seuste se organiziraat grupni krstevki? Ima li nekoj informacija za detali kade i koga se organiziraat dali treba da se ima svoj kum za grupno krstevanje ili ne?
Јас ги дарував сите што беа на крштевка(ова од одамана) на кумови,старејко,повеке другите симболично.
Улога и реално голем трошок има само кумот. Нема потреба да се изложуваш на трошоци само затоа што порано се давало на сите. Да, порано се давало на сите ама ситница, денес малку се забегува во желбата да се докажеме кој повеќе има и повеќе ќе даде. Затоа не знае човек што да купи, па трошиме невидена пара за нешто што треба да е скромно.
Кондурчиња. Хулахопки, чорапчиња капче од поситните работи. Нешто златно како подарок, ако можеш, или како ви е договорот, желбата.