Кумство

Discussion in 'Свадба' started by aNy-to, Sep 3, 2010.

  1. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Joined:
    Nov 2, 2023
    Messages:
    1,158
    Likes Received:
    2,559
    Gender:
    Female
    Младенците вас да ви донесат прасе ?
    Кога ?
    Кај нас кумовите носеа и старосватот исто.
    Кумови :подарок,корпа со виски и бомбончиња во црква -нивна желба.
    Задолжително - платно и свеќи за во црква и плаќање на дел.
    По адети :бидермаерот, прасе,торта ама обична.
    Свадбената беше од ресторанот.
    Шампањ во матично немавме ,во сала од ресторанот имаа
     
  2. LolaLala

    LolaLala Активен член

    Joined:
    Apr 16, 2025
    Messages:
    25
    Likes Received:
    6
    Gender:
    Female
    Кај нас со вечера ги пречекавме кога дојдоа официјално да не поканат со колак. После тоа за свадбата: два бидермаери, шампањ и четири украсени чаши за шампањ, корпа со бомбончиња и жито, платно (од кое невестата треба да си сошие нешто подоцна), свеќи и свадбената торта на три спратови, украсена по желба на невестата и бидермаерите по нејзина желба (јас ја прашав какви сака да бидат). И исто дел од сумата во црква ние.
    По адет чашите и шампањот во матично се од нив.
    Не прашаа дали сакаме да не земат од дома со музика, рековме нема потреба, рекоа добро тогаш на улица пред куќата но кога стигнавме немаше никој апсолутно да не пречека, сами влеговме си застанавме на маса со другарите. По адет кај нас во сала се носи печено прасе на кумот, тој става пари и после тоа прасето се дели по гостите, но немаше прасе...
     
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Joined:
    Nov 2, 2023
    Messages:
    1,158
    Likes Received:
    2,559
    Gender:
    Female
    Епа чим е адет требало ,барем да речеле ете не ни стигаат пари или не знам не сакаме да колеме било шо...
    Ние само згрешивме што не ги поканивме со погача ама никој не ни кажа а баш и нив ги прашував пошто јас од друго место сум кај нас нема тоа после на следни свадби гледав и ми беше глупо ама помина тоа е...
    Имав јас подароци други ама немав погача.
     
  4. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2010
    Messages:
    1,063
    Likes Received:
    897
    јас се чудам колку мала земја сме а со толку разни адети од град до град за свадбиве посебно за сведоциве, во некои градови испаѓа кумовите уште целата свадба да ја платат во секој случај убаво е да бидеш сведок било за кум, девер, старосват ама и да ти направат чест
     

    Attached Files:

  5. Trupko

    Trupko Истакнат член

    Joined:
    Mar 30, 2024
    Messages:
    115
    Likes Received:
    141
    Gender:
    Female
    Добро утро, кажете ми за кумство ми спомнаа свеќите за во црква требало да бидат купени во црква. Конкретно во Соборен храм е венчавката, дали од тамо да ги земам или може од било која друга црква? Некој со слично искуство?