Младенците вас да ви донесат прасе ? Кога ? Кај нас кумовите носеа и старосватот исто. Кумови :подарок,корпа со виски и бомбончиња во црква -нивна желба. Задолжително - платно и свеќи за во црква и плаќање на дел. По адети :бидермаерот, прасе,торта ама обична. Свадбената беше од ресторанот. Шампањ во матично немавме ,во сала од ресторанот имаа
Кај нас со вечера ги пречекавме кога дојдоа официјално да не поканат со колак. После тоа за свадбата: два бидермаери, шампањ и четири украсени чаши за шампањ, корпа со бомбончиња и жито, платно (од кое невестата треба да си сошие нешто подоцна), свеќи и свадбената торта на три спратови, украсена по желба на невестата и бидермаерите по нејзина желба (јас ја прашав какви сака да бидат). И исто дел од сумата во црква ние. По адет чашите и шампањот во матично се од нив. Не прашаа дали сакаме да не земат од дома со музика, рековме нема потреба, рекоа добро тогаш на улица пред куќата но кога стигнавме немаше никој апсолутно да не пречека, сами влеговме си застанавме на маса со другарите. По адет кај нас во сала се носи печено прасе на кумот, тој става пари и после тоа прасето се дели по гостите, но немаше прасе...
Епа чим е адет требало ,барем да речеле ете не ни стигаат пари или не знам не сакаме да колеме било шо... Ние само згрешивме што не ги поканивме со погача ама никој не ни кажа а баш и нив ги прашував пошто јас од друго место сум кај нас нема тоа после на следни свадби гледав и ми беше глупо ама помина тоа е... Имав јас подароци други ама немав погача.
јас се чудам колку мала земја сме а со толку разни адети од град до град за свадбиве посебно за сведоциве, во некои градови испаѓа кумовите уште целата свадба да ја платат во секој случај убаво е да бидеш сведок било за кум, девер, старосват ама и да ти направат чест