А што ви рекоа зошто не ве поканиле? Си одбрале друг кум или? Нели кум и старосват се сведоци на регистрација?
Незнаеле дека треба да ни кажат, мислеле дека кој било можи да биди сведок на регистрација а видовме на сликите дека деверот беше а друг кој се потпиша од присутните незнам.Ако кумот не го рачуна со најблиските, незнам за што е друго
Ако ви се извиниле не требало да го откажувате кумството можеби стварно не знаеле. Немало ли некој постар да ги подучи како треба? Ваша си е одлуката што сте се откажале, ве разбирам дека сте навредени и јас би била ама мислам дека сега веќе нема никогаш да имате ист однос како претходно.
Ако е вака ситуацијата како што кажуваш, скроз нефер излегле што не ви кажале и уште полошо, што сте дознале сами од социјални мрежи. Дури и убаво сте изреагирале после тоа што ви го направиле. А и да сакале други сведоци за регистрација, можеле да ви кажат па да се договорите само за венчавка да им бидете кумови, ама на ваков начин многу е ниско и некоректно од нивна страна. Кумот ти станува најблискиот роднина и нивна должност било да се информираат за обичаите, а и да не се обичаи во прашање, од култура и почит требало да ви кажат. А тоа што се извиниле не ги оправдува воопшто. Кај нас е обичај дури и да ти откаже стариот кум, да ти даде благослов и да го поканиш на свадба, а не пак вака кога ти се согласил. Нема оправдување за ова.
Кумовите се едни од најважните гости на свадбата. Требало да ве известат. Родителите нивни нели им имаат пренесено како одат работите? Еве и ние не знаевме па не водат нашите како што треба.
Зетот и невестата и двајцата се по околу 40 и нешто години , кога ни рекоа дека не знаеле мм му рече дека требаше да си прашаат или барем да не известеа,да ни кажеа каква е ситуацијата ,а имаат и родители. Незнам,незгодна ситуација.Ние многу ги почитуваме нашите кумови и затоа ни беше криво , ако тие не не рачунаат во “најблиски “зошто тогаш не бараат за кумови. Само за венчавка во црква и толку?
@Silce На 40г не знаат дека кумовите се важни? Не ми е јасно или ве прават будали. И јас да сум на ваше место би се откажала. Не ме почитуваш, бркај работа и не барај да те почитувам и јас.