Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    А што ви рекоа зошто не ве поканиле? Си одбрале друг кум или? Нели кум и старосват се сведоци на регистрација?
     
    На SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  2. Silce

    Silce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Незнаеле дека треба да ни кажат, мислеле дека кој било можи да биди сведок на регистрација а видовме на сликите дека деверот беше а друг кој се потпиша од присутните незнам.Ако кумот не го рачуна со најблиските, незнам за што е друго
     
  3. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Ако ви се извиниле не требало да го откажувате кумството можеби стварно не знаеле. Немало ли некој постар да ги подучи како треба? Ваша си е одлуката што сте се откажале, ве разбирам дека сте навредени и јас би била ама мислам дека сега веќе нема никогаш да имате ист однос како претходно.
     
    На SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  4. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    3.952
    Пол:
    Женски
    Ако е вака ситуацијата како што кажуваш, скроз нефер излегле што не ви кажале и уште полошо, што сте дознале сами од социјални мрежи. Дури и убаво сте изреагирале после тоа што ви го направиле. А и да сакале други сведоци за регистрација, можеле да ви кажат па да се договорите само за венчавка да им бидете кумови, ама на ваков начин многу е ниско и некоректно од нивна страна. Кумот ти станува најблискиот роднина и нивна должност било да се информираат за обичаите, а и да не се обичаи во прашање, од култура и почит требало да ви кажат. А тоа што се извиниле не ги оправдува воопшто. Кај нас е обичај дури и да ти откаже стариот кум, да ти даде благослов и да го поканиш на свадба, а не пак вака кога ти се согласил. Нема оправдување за ова.
     
    Последна измена: 22 декември 2025 во 09:58
    На SummerGirl и Silce им се допаѓа ова.
  5. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Женски
    Кумовите се едни од најважните гости на свадбата. Требало да ве известат. Родителите нивни нели им имаат пренесено како одат работите?
    Еве и ние не знаевме па не водат нашите како што треба.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Silce

    Silce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
     
  7. Silce

    Silce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Зетот и невестата и двајцата се по околу 40 и нешто години , кога ни рекоа дека не знаеле мм му рече дека требаше да си прашаат или барем да не известеа,да ни кажеа каква е ситуацијата ,а имаат и родители. Незнам,незгодна ситуација.Ние многу ги почитуваме нашите кумови и затоа ни беше криво , ако тие не не рачунаат во “најблиски “зошто тогаш не бараат за кумови. Само за венчавка во црква и толку?
     
  8. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Женски
    @Silce
    На 40г не знаат дека кумовите се важни?
    Не ми е јасно или ве прават будали.
    И јас да сум на ваше место би се откажала.
    Не ме почитуваш, бркај работа и не барај да те почитувам и јас.
     
    На SummerGirl, ocicka2014, Silce и 1 друга личност им се допаѓа ова.