мене ако ме прашуваш, поголем е ризикот од сомнителни инвеститори, не знаете колку луѓе имаат отплатено стан, а не можат да добијат имотен лист по 10 години, затоа што пропаднал инвеститорот. не е ништо страшно тоа со сметки и данок, се расчистува пред потпишување на договор обично.
Ние купивме стан од личност и немаше никакво чекање околу плаќање на данокот. Буквално во петок однесов документи, следниот петок ти стасува порака дека ти е изготвено решението, одиш да го земеш за да можеш да одиш да платиш. Плаќаш и они ќе добијат известување па на крај уште еднаш се враќаш да си го земеш решението дека си платила. Еве и доказ. Поголем е ризикот од купување нов стан, знам луѓе што немаат земено имотен лист по 10 години живеење во истиот.
Добро, а ако купувате стар стан, дали барате тие да донесат потврда дека сите сметки се платени? Еве другарка ми продаде куќичка на Албанец од ДУИ, и човекот е на видна позиција, нема да дозволи да го зезаат, им бараше да си извадат во сите ЈП дека не должат ништо, дека не должат даноци итн. Додуша другарка ми рече, ако фатиш добар адвокат, тој ќе ги заврши сите работи. Инаку, колешка работеше на Блиски Исток, купи стан од инвеститор, испадна дека тој кат инвеститорот си го доградил на диво, се жалеше нешто за имотни листови итн, што секако е исто ризик, зезнат си секако, ем куп пари ќе дадеш, ем не е работата чиста како што си сакал. За стар стан, што ако е под хопотека, не е чист имотниот лист, тоа адвокатот го проверува или вие лично самите? Да си биде човек 100% сигурен. Не се купува недвижен имот секој ден.
Сѐ мора да се прави со адвокат, ништо сами, сепак се работи за имот и поголема сума на пари. Ние уште од почетокот кога решивме цела постапка да ја тераме, со адвокатка. И она ни проверуваше дали имаат хипотеки, чист имотен лист итн.
данок не можеш да платиш пред да е платен за сите години уназад, не ти проаѓа во град скопје, за воопшто да можеш да завериш на нотар, а за сметки, јас обично ставам одредба во преддоговор/договор, на денот на солемнизација на нотар да носат потврди дека се расчистени, работам како адвокат, а и сама купив стар стан, можам од искуство да ви кажам дека не се купува од секого, има некои должат по 20 години сметки, извршители итн, сам си го проценуваш човекот. конкретно ние имавме избор на иста локација за помалце пари да купиме поголем стан, ама ликот беше сомнителен, имаше извршители, долгови, се одлучивме за поскапиот, ама се гледаше дека луѓето се на место, така и си беше, се си расчистија сметки пред да го купиме станот, немавме никаков проблем.
Во право си, не се купува од секој. Треба да се види што човек е, да се процени, па и да се распрашаш за него, ако можеш. Има и сега по огласи сомнително ниски цени за станови, значи мора да има некој проблем, некако не делува сериозно толку под цена некој да нуди стан на пример. Или е ммногу крш на терен да се отиде да се види, или имаат некој зор што толку под цена нудат нешто. Во секој случај треба и малку среќа да имаш да си најдеш имот на локација која ти одговара, цената да одговара и да е пристојно место за живот, да немаш многу главоболки.
како и да е ако се решиш, ќе си фатиш адвокат од почеток, он ќе ти тера се, а за тоа од кого ќе купиш стан, тука адвокатот не може ништо, останува на тебе. ние правевме секакви комбинации, со дел од парите да му ги затвориме сите долгови, ама пак не ми беше сигурно, некогаш има извршители што чекаат, ќе тргнеш еден, во тие неколку дена што се чека упис на твое име, може друг да се закачи, ликот беше таков чуден лик, на крај краева, не знам утре кој ќе ми чукне на врата да го бара, затоа се одлучивме за поскапиот стан, луѓето толку си беа фини, што еве до ден денес си живееме со нив.