Знам само дека во Центар претераа. Нов стан за помалку од 3000 евра по квадрат скоро и да нема. Стари има поефтини но кај нив сигурно дека има дополнителни трошоци за реновирање. По населбите секако се поефтини но генерално цените се многу високи.
Официјалниот извештај од катастар за последните 3 месеци https://www.katastar.gov.mk/wp-cont...zvestaj_od_registar_na_ceni_01_04_2026_Q2.pdf Можеш да ја видиш цената по општина за сите договори што стигнале до продажба последните 3 месеци.
Пробај од тука ќе ја има листата https://www.katastar.gov.mk/registar-ceni-zakupnini-nedviznostite/kvartalni-izvestai-ceni-zakupi/ со сите. Ти треба само првиот извештај најгоре за 2026.
Ако бараш стан за купување во Скопје, барај или стар стан за реновирање или нов готов вселив. Немој во градба зашто ќе се изначекаш. Хаос е моментално со становите во градба, немаат ни стандарди ни мајстори, кој стигне гради, квалитетет нула