Знам само дека во Центар претераа. Нов стан за помалку од 3000 евра по квадрат скоро и да нема. Стари има поефтини но кај нив сигурно дека има дополнителни трошоци за реновирање. По населбите секако се поефтини но генерално цените се многу високи.
Официјалниот извештај од катастар за последните 3 месеци https://www.katastar.gov.mk/wp-cont...zvestaj_od_registar_na_ceni_01_04_2026_Q2.pdf Можеш да ја видиш цената по општина за сите договори што стигнале до продажба последните 3 месеци.
Пробај од тука ќе ја има листата https://www.katastar.gov.mk/registar-ceni-zakupnini-nedviznostite/kvartalni-izvestai-ceni-zakupi/ со сите. Ти треба само првиот извештај најгоре за 2026.
Ако бараш стан за купување во Скопје, барај или стар стан за реновирање или нов готов вселив. Немој во градба зашто ќе се изначекаш. Хаос е моментално со становите во градба, немаат ни стандарди ни мајстори, кој стигне гради, квалитетет нула
Катастрофа, заедно со изведувачо Брик Инвест, само празни ветувања. Каснат, едно договараш друго се случува потоа. Понастрана, не знам шо да кажам.
Здраво, немам искуство со фирмава, ама видов дека гради на уште 2 локации што не се завршени. Се надевам ќе најдете некој што ќе ви даде поконкретен одговор и искуство со истата. Само сакав да споделам на што да внимавате. За жал периодов има некоја стагнација на објекти во градба и генерално многу доцнат од предвидените рокови. Се оправдуваат со немање работници и сл. Најдобронамерен совет ако уплаќате во објект во градба, очекувајте дека ќе го пробијат рокот, дали ќе го решите со пенали или ви е битно да се вселите побрзо, ставете си некои услови. Ние исто чекаме стан од фирма што гради на 3 локацции и истите мајстори еден ден се на еден објект друг на друг и така во круг, убаво да си проверите како работи фирмата.
Здраво имате ли информација за колку време се готпви решенијата за данок на промет од Град Скопје и како ги проценуваат становите, по стари цени или ? Се работи за стара зхрада во Карпош 1
Нас пред една година решението ни беше готово за 5 работни дена. Во петок поднесовме, веќе другиот петок беше готово решението и го плативме данокот. Нас ни пресметаа исто толку колку што го купивме.
Нелогично ми е тоа но што да се прави нели има прашалник за состојбата на станот...за џабе знали се пополнува тоа..
Абе ни таа цена не е логична но е момемтално меѓу пониските за тој реон но за зграда од 1972 и руиниран стан...срчка ќе ме фати и за тоа пари..аман веќе
Има некој инфо за цените во новиот блок Ц на Ист Гејт Ливинг? И кога би биле пуштени, гледам веќе готови се зградите?
Мој другар зема кај чичко Јован скроз ок, и зема имотен лист брзо. Јас гледам Александрија, искуство некој со нив? Изгледа некоја нова зграда почнуваат во тој дел? Некој земал? Како се со имотни листови? Се мислев меѓу двете, Александрија ми се допаднаа повеќе малце ама не знам никој што земал кај нив. Некој да има купено да знае од прва рака? Гледам мешани коментари тука за нив, има некој сега скоро што купил? Или да знае некој други добри инвеститори што градат Ѓорче?