The Maze Runner-Лавиринт:Невозможно бегство (2014) Филмот излезе пред една недела,денеска го гледав и е добар филм,можам да кажам. Главниот глумец е Dylan O'Brien и глумата му беше многу добра,како и на повеќето актери. Мене многу ми се допаѓа овој жарн на филмови,можеби затоа и филмов ми е одличен. Му давам 9/10. Не сум ја читала книгата,а,многу се жалат дека книгата е поубава, и многу работи се изменети,но...не знам. Од овде има некој што го има гледано? Што мислите за филмов? Еве го трејлерот: http://www.youtube.com/watch?v=AwwbhhjQ9Xk Се извинувам ако е дупла тема.
Само што го гледав. Не сум баш љубител на овој жанр, но ми се допадна филмов. Се внесов некако во целата приказна и баш беше интересен, непредвидлив, до самиот крај те држи во неизвесност. 8,5/10 пс. Дилан е совршен
Вчера го гледав на кинотека, генерално ми се допадна. Прво приказната е многу добра, знаев дека на крај ќе испаднат некои експерименти ама незнаев за што и баш не го сфатив овој дел како што треба. Нели за да најдат лек против тоа боцкањето или онака да им ја теситраат интелигенцијата или штознам веќе... Некако на брзинка многу го прикажаа овој дел плус се зазборев и ме мрзеше да враќам пак назад, па некој што разбрал подобро нека ми објасни да не го гледам пак крајот. Не ми се допаднаа тие чудовиштата. Барем да беа некои невидливи или некои пореални, а ова ко железни, ко роботи, а внатре органи имаат... Без везе ми беа... Дефинитивно крајот значеше дека ќе има и втор дел а? Добро...
Одамна го меркав филмов и конечно го гледав минатиот викенд. Општиот впечаток ми е дека многу ми се допадна. Сакам мистерии од овој тип испреплетени со акција за поткревање на притисокот На моменти, кога се креваше тој кафезот, ме потсетуваше на „Игрите на гладните“. Замерка ми е тоа што некако се чувствува дека доста делови фалат, имаше некои нејаснотии. Како да сакале да го скоцкаат филмов и да испуштиле важни делови. И дефинитивно сакам втор дел. Ме копка
И јас пред некој ден по препорака на еден другар го гледав филмот. Ми се допадна целата приказна, а и глумата исто така. Онака ептен неизвесен и возбудлив. Сеа чекам втор дел, не се ни сомневам дека ќе биде исто толку возбудлив. 8/10
Кога се очекува вториот дел? Не ми текнало да проверам до сега, а филмов го имам гледано неколку пати, обожавам вакви тематики и многу ми се допадна.
Мене не ми се допадна филмот воопшто. Премногу глупава ми беше последната сцена кога го убија дебелото дете и тогаш им текна да плачат, а пред тоа за никој друг што загина не плачеа. Преглупав филм, направен онака, колку да има некои млади момчиња за да се пробијат понатаму и да станат познати во Холивуд. Не ми се допадна глумата на никој, а искрено и мразам филмови каде е крај на светот и каде нема излез или каде што ќе испадне дека се измамени на крајот и дека ќе има втор дел од филмот. Катастрофа, залудно потрошени часови од слободното време што сум го имала. Не се ни замарам да го гледам вториот дел. Исто така имаше една нејасна сцена, како така наеднаш дечкото што го уби дебелото дете се појави таму на тоа место ? Ете и јас не знам, ко на филм.
Можеби темава не е соодветна,но ја има негде книгава (оти нели филмот е направен според книгата на Џејмс Дашнер)?
Ne, se uste ne e preveden serijalot na makedonski. Mozes da si gi simnes vo pdf. format, ili da si gi poracas na net, na angliski jazik. Jas gi imam simnato.
После предобриот прв дел решив да го гледам вториот, подобар е од првиот . Добра приказна,ми се допадна тоа што не го тупеа многу,акција,неизвесност,соврешна актерка екипа. Сега кој ќе чека за да излезе третиот дел.