Лавиринт: Невозможно бегство (The Мaze Runner) [2014]

Дискусија во 'Филмови' започната од Srckata28, 28 септември 2014.

  1. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    8.068
    Пол:
    Женски
    The Maze Runner-Лавиринт:Невозможно бегство
    (2014)
    [​IMG]

    Филмот излезе пред една недела,денеска го гледав и е добар филм,можам да кажам.
    Главниот глумец е Dylan O'Brien :wasntme: и глумата му беше многу добра,како и на повеќето актери.

    Мене многу ми се допаѓа овој жарн на филмови,можеби затоа и филмов ми е одличен.
    Му давам 9/10.

    Не сум ја читала книгата,а,многу се жалат дека книгата е поубава, и многу работи се изменети,но...не знам.

    Од овде има некој што го има гледано?
    Што мислите за филмов?

    Еве го трејлерот:
    http://www.youtube.com/watch?v=AwwbhhjQ9Xk

    Се извинувам ако е дупла тема. :)
     
  2. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    9.294
    Пол:
    Женски
    The Мaze Runner (2014)

    Ме заинтересира филмчево, ќе го погледнам :)
     
  3. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Има добра снимка? Видов на Замунда дека е кино-снимка и решив да почекам да стигне некоја боље.
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    8.068
    Пол:
    Женски
    ^Не,нема.Јас во кино го гледав.Убава снимка сигурно за еден месец ке излезе или нешто така. :)
     
  5. s.h.e.wolf

    s.h.e.wolf Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    19
    Само што го гледав. Не сум баш љубител на овој жанр, но ми се допадна филмов. Се внесов некако во целата приказна и баш беше интересен, непредвидлив, до самиот крај те држи во неизвесност. 8,5/10 :lol:
    пс. Дилан е совршен:inlove:
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.037
    Вчера го гледав на кинотека, генерално ми се допадна.
    Прво приказната е многу добра, знаев дека на крај ќе испаднат некои експерименти ама незнаев за што и баш не го сфатив овој дел како што треба. Нели за да најдат лек против тоа боцкањето или онака да им ја теситраат интелигенцијата или штознам веќе... Некако на брзинка многу го прикажаа овој дел плус се зазборев и ме мрзеше да враќам пак назад, па некој што разбрал подобро нека ми објасни да не го гледам пак крајот.
    Не ми се допаднаа тие чудовиштата. Барем да беа некои невидливи или некои пореални, а ова ко железни, ко роботи, а внатре органи имаат... Без везе ми беа...
    Дефинитивно крајот значеше дека ќе има и втор дел а? Добро...
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    2.924
    Многу добар филм. Јас го гледав во кино.
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.781
    Одамна го меркав филмов и конечно го гледав минатиот викенд.

    Општиот впечаток ми е дека многу ми се допадна. Сакам мистерии од овој тип испреплетени со акција за поткревање на притисокот :)

    На моменти, кога се креваше тој кафезот, ме потсетуваше на „Игрите на гладните“.

    Замерка ми е тоа што некако се чувствува дека доста делови фалат, имаше некои нејаснотии. Како да сакале да го скоцкаат филмов и да испуштиле важни делови.
    И дефинитивно сакам втор дел. Ме копка :D
     
  9. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    10.832
    Пол:
    Женски
    И јас пред некој ден по препорака на еден другар го гледав филмот. Ми се допадна целата приказна, а и глумата исто така. Онака ептен неизвесен и возбудлив. Сеа чекам втор дел, не се ни сомневам дека ќе биде исто толку возбудлив. 8/10
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.798
    Допаѓања:
    76.564
    Пол:
    Женски
    Кога се очекува вториот дел?
    Не ми текнало да проверам до сега, а филмов го имам гледано неколку пати, обожавам вакви тематики и многу ми се допадна.
     
  11. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    8.068
    Пол:
    Женски
    Вториот дел излегува на 18 Септември.

    Еве трејлер за оние кои не знаат:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се допадна филмот воопшто. Премногу глупава ми беше последната сцена кога го убија дебелото дете и тогаш им текна да плачат, а пред тоа за никој друг што загина не плачеа.
    Преглупав филм, направен онака, колку да има некои млади момчиња за да се пробијат понатаму и да станат познати во Холивуд. Не ми се допадна глумата на никој, а искрено и мразам филмови каде е крај на светот и каде нема излез или каде што ќе испадне дека се измамени на крајот и дека ќе има втор дел од филмот.
    Катастрофа, залудно потрошени часови од слободното време што сум го имала. Не се ни замарам да го гледам вториот дел. Исто така имаше една нејасна сцена, како така наеднаш дечкото што го уби дебелото дете се појави таму на тоа место ? Ете и јас не знам, ко на филм.
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
  13. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    3.101
    Допаѓања:
    16.136
    Можеби темава не е соодветна,но ја има негде книгава (оти нели филмот е направен според книгата на Џејмс Дашнер)?
     
  14. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    16.531
    Пол:
    Женски
    Ne, se uste ne e preveden serijalot na makedonski. Mozes da si gi simnes vo pdf. format, ili da si gi poracas na net, na angliski jazik. Jas gi imam simnato.
     
  15. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    892
    Пол:
    Женски
    После предобриот прв дел решив да го гледам вториот, подобар е од првиот . Добра приказна,ми се допадна тоа што не го тупеа многу,акција,неизвесност,соврешна актерка екипа.
    Сега кој ќе чека за да излезе третиот дел.:(