Мини серија од девет епизоди. Ја нема на нашите канали иако мене лично многу ми се допаѓа. Ја гледам на http://www.natabanu.com . Главен лик во серијата е Зејнеп (Fahriye Evcen). Таа е снаа во моќното семејство Караман. Има прекрасен и хармоничен брак, премногу го сака своето семејство, особено нејзиниот сопруг Мехмет и синот Омер. Како и да е, оваа “лажна пролет“ не трае долго. После неколку години мирен живот, нејзиното не-толку славно минато се враќа да ја прогонува. Дали ќе успее да ја победи сенката од минатото и да го сочува семејството?
искрено кога ја отворив темата прво на тебе ми текна. Башка Неџла тука ми е поубава со поприродна боја на коса.
Пред некое време зафатив еден филм со Неџла,ама не знам дали овој беше. Гледањето се на се беше 10-тина минутки,затоа што ни збор турски не разбирам па го исклучив. Инаку Неџла скоро и да не ја препознав на сликава.Дури побарав на википедиа за Фахрие Евџен да се осигурам дали е таа.
на сајтот постиран горе можеш да ја гледаш со српски превод Edit Инаку во серијава, најсимпатична ми е Муге (братучетката на Мехмет) За жал Spoiler премногу е наивна
Серијава планирам да ја изгледам за празнициве. Ми се гледа убава. Додуша све што е со глумицава ми е убаво, зашто ми е поим за убава жена а и како лик Неџла си ја обожавав во Лисјата
И покрај тоа што Неџла како лик ми одеше на нерви, глумицава и те како знаеше да го долови. И за Лејла истото важи (и за сите актери во Лисјата пошто ств немаше утка). На овие две особено им симнувам капа за глумата особено затоа што се млади. Е тука, Неџла глуми сосема поинаков лик, позрел, пософистициран, Spoiler жена која иако направила некои погрешни потези во животот, имала среќа да наиде на добар маж (мислам маж и' e срце, барем според досега виденото, некаде до пола серија сум) и и' помогнал да стане подобра личност. За разлика од Неџла, на Зејнеп семејството и' e на прво место и за да го сочува ќе направи ама буквално се'. Ми е жал што има само 9 епизоди, баш би сакала во иднина да има некое продолжение, сепак содржината сама си бара помалку епизоди.
Леле значи Spoiler каков крај има серијава ilent: ilent: . Не жалам ниту за еден момент поминат во гледање на серијава Се чудам зашто не ја даваат кај нас.
Конечно ја загледав серијава. Преубава е. Штета што не ја даваат кај нас. Плус и снимана е во куќата акде што се снимаше Забранета љубов па ми буди спомени на некои сцени и од таа серија.