Видов тема тука за Берово ама не и за Маврово. Ако има ваква тема клуч, и ако не е соодветна пак клуч или нека се премести. Значи вака ме интересира скоро се! Сакам да идам за Нова година ама не знам хотелски или приватен смештај? Ако некој бил нека пише искуство, цени абе се што ќе ви текне? Имам идено многу одамна ама преку школо и сега не знам што се има... Сакам поблиску до скијачките центри. Има ли продавници ? Ај пишете искуства
дури сега ја видов темава . Маврово е нешто прекрасно....прекрасна природа,убавини кога сум таму навистина живеам и за ништо не се замарам. има се продавници,ресторани,кафани, хотели...цените не знам како стојат оти ние имаме вила таму и кога одиме си купуваме од дома(во продавниците е поскапичко). ако сакаш повеќе пиши ми може летово да се шетнеме натака
јас имам викендица во Маврово местото е ПРЕУБАВО! има многу убави места кај што можеш очи да си одмориш едноставно го обожавам
Си го сакам Маврово, особено на зима обавезно секоја зима враќајќи се од Мијачијата мора да се застане и во Маврово
Маврово си е природа, езерцето , воздухот, мавровска пастрмка ...... .Прекрасно е само она што ме нервира е што стана ептен гужва Одат и коин треба и кој не треба ни К од Култура се загрозува местово Многу простотилок на едно место а баш кога треба да биде најубаво за празниците ... Ете од таа причина избегнувам да го посетам за празници кога сакам да се одморам , пред езерцето , ветерче дувка , ти таму некаде со мислите , гледаш пред себе ,мирна вода и небоооо . Ахх бре бесценето што ви требаше сега би тргнала
Aаа.Маврово Имав викендица во Маврови Анови до пред некоја година, ја продадоа моите.. Имам уште една викендица во близина кај селата што се,ама сепак не е тоа тоа..Маврово е еден од најубавите градови во македонија.
луѓе никогаш не сум била во маврово па зимскиот одмор би сакала да го поминеме таму со либето. гледав некои хотели убави се но мене ми е филмот да бидеме во некоја куќарка да мириса на дрво на ќумбе така приватно да биде. оние приватните вили се некако премногу комерцијални, па би сакала да ве прашам дали е можно да најдеме некоја таква куќичка да се издава на неколку дена, како се движат цените и каде би можела да најдaм. оние што имаат вили таму сигурно знаат кој издава во околината па би било прекрасно да помогнат и споделат
Како малечка често одев, се шлепав со тетин ми кај пријател му во викендица Не зафаќав многу простор, па не беше проблем. Стандард имавме прошетка околу езерото, неколку часа на терените за скијање и на крај топло чоколадо во Радика Сум била и пролетно време, на екскурзија во седмо одделение, ама сепак повеќе преферирам да одам во зима.
Израснав во оваа моја прекрасна земја,....а сеуште не сум била на Маврово Дефинитивно ова ќе биде една од дестинациите на кои би сакала да отидам со дечко ми кога ќе се врати.
Здраво, Дали би можеле да ми одговорите ( доколку го видите прашањево ), каде може да се престојува во Маврово со домашен миленик? Некаква информација или искуство.... Благодарам.
Преубаво место.. бев еднаш натаму, прекрасни впечатоци, прекрасни убавини, чист воздух, вистински зимски одмор.. Убавина е! Густи дрвја и високи планини.. А Галичник е исто така прекрасно место заедно со реката Радика.. Ќе ставам и слики што ги сликнав кога бев таму некој друг пат.
Зависи, јас не бев во некој луксузен хотел, бев во едно делче таму набутано и беше доста ефтито, па сега, не знам за поголемите.