Макарони

Discussion in 'Рецепти' started by 2468, Oct 5, 2010.

  1. 2468

    2468 Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2009
    Messages:
    4,497
    Likes Received:
    2,838
    Gender:
    Female
    феминки јас баш и не јадам макарони (повеќе сакам шпагети :angel: ) и затоа и баш не знам некој едноставен рецепт за нив :$
    ајде кажете ми како да ги зготвам (освен варени) :angel:
    нешто потпечени да се.... :$
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,468
    Сакам да прашам...?

    пола литро млеко, јајца, надробено сирење. шунка... подвари ги макароните, ама не да ги свариш, онака да омекнат малце... млекото измати го со 2те јајцаи додади го сирењето надробено, и на крај шунката сецкана на коцкички мали и измати уште еднаш, (со лажичка )(можеш и без шунка ама мене вака ми е поубаво) стави ги макароните во тепсија додади ја смесава со млекото.... и печи на 150 степени :D додека не поцрвене...
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,468
    Сакам да прашам...?

    за цело пакетче треба 4 јајца сега ја прашав мајка ми :)
     
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Joined:
    Jan 16, 2010
    Messages:
    2,284
    Likes Received:
    1,894
    Сакам да прашам...?

    Jас вака ги правам:ги варам,па се цедат.потоа пржам кормид и малку лукче,додавам мелено месо,магдонос,кечап,сенф се испржува убаво и земам една тепсија и ставам еден ред шпагети па малку месо и кашкавал,и се така со редој и последниот ред ставам најмногу кашкавал :) (потсека на лазања,ама убаво е)се надевам ти се свига ова :)
     
    2468 and ludoto19 like this.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,074
    Сакам да прашам...?

    Ако си по лути сосови еве и под мене лесен рецепт
    Макароните ќе си ги свариш.Во тавче ќе пропржиш сецкан домат,па ќе додадеш сецкано лути пиперче по волја колку сакаш,па сецкано лукче и после ќе додадеш томатен сос,кечап и ќе зачиниш со сол,бибер и на крај босилек.После ќе го истуриш врз макароните...И бон апетит! :)
     
    2468 and mims-89 like this.
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Joined:
    May 12, 2010
    Messages:
    4,733
    Likes Received:
    5,154
    Еве нешто вкусно што најдов:

    Потребни состојки
    * 250 г варени макарони
    * 50 г рендана моцарела
    * 200 г рендано сирење за пица
    * 200 г колбаси

    За сос:
    * 200 г шунка
    * 150 г домати
    *200 г зелени пиперки
    * 2 лажици маслиново масло
    * сос за пица
    * сол
    * оригано

    За премачкување:
    * 200 мл павлака
    * 2 лажици рендано сирење пармезан
    Начин на подготовка
    За сос: шунката, доматите и пиперките исечете ги на мали коцки.
    На маслиново масло кратко пропржете ги колбасите а потоа додадете пиперки и домати а потоа додадете го пица сосот и ориганото.

    Во подмачкана тава истурете ред макарони а потоа ред сос и моцарела сирење. Повторете ја постепката со остатокот.
    Во завршниот ред ставете сирење а на горниот слој измешајте павлака и сирење и истурете врз макароните.
    Печете 20 минути загреана рерна на 200 степени додека пармезанот добие златно-кафеава боја.

    Не сум направила, но во иднина сигурно ќе пробам :)
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,074
    Еве од мене уште еден рецепт за макарони со мелено месо потпечени
    Потребни состојки се мелено месо,кромид,пиперка блага,домат,кечап или сос и зачин.
    Макароните нормално ќе се сварат...Во тавче ќе се пропржи кромидот со пиперката исецкана и доматот.После се додава сос(по желба колку сакаш) се зачинува и во тава за печење се ставаат макароните се истура врз нив месото...ќе се промеша се и се пече во рерна.
     
  8. elygj

    elygj Истакнат член

    Joined:
    Feb 24, 2010
    Messages:
    452
    Likes Received:
    68
    Еве и од мене еден многу едноставен рецепт.
    Се ставаат макароните во тавче и се сипува газирана вода.Во тањир се матат јајца(3-4 во зависност од количината на макарони)и се мешаат со изрендано сирење.Тоа се додава во тавчето и се заедно се меша и се посолува.Додека се печат се меша неколку пати.По желба може да се додаде и шунка на пример,а може пред крај и да се изренда кашкавал ;)
     
    T.i.n.a08 likes this.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,284
    ^^^^

    А зошто се става газирана вода? Каква функција има таа?
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,917
    Likes Received:
    203,151
    Gender:
    Female
    Па веројатно за да се сварат макароните. Според рецептов, изгледа не се варат претходно, туку директно се ставаат во тавчето.

    А јас си правам гратинирани макарони, омилени ми се: правам смеса од сирење или изварка, јајца и јогурт, и со неа ги мешам варените макарони, ги истурам во подмачкано длабоко тавче и она што останало од смесата го истурам одозгора. Ова е основната смеса, инаку може во неа да додадеш се што сакаш по желба - спанаќ, шунка, печурки, месо...
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,817
    Макарони со брокула

    Макароните се варат, цедат и ставаат во посебен поголем сад. Потоа во посебна вода се става брокулата да преврие на максимум минутка - две, и веднаш се вади и сецка на помали парчиња. Макароните се мешаат со брокулата, сецкана шунка, сецкани шампињони, слатка павлака, рендан кашкавал и пармезан + се зачинува по желба (со црн бибер, вегета, босилок, малку буковец). Целата смеса убаво се замешува па се става се во тавче и во рерна на 180 степени на едно 15 - 20 минути. Пред самиот крај, т.е. 5 минути пред да ги извадите макароните, одозгора се додава рендан кашкавал, се враќа тавчето во рерна, и откако ќе видите дека е стопен кашкавалот, ќе знаете дека јадењето е веќе готово ;)
     
    girl1985 likes this.
  12. elygj

    elygj Истакнат член

    Joined:
    Feb 24, 2010
    Messages:
    452
    Likes Received:
    68
    Токму така ,за да се сварат зашто претходно не се варени :)
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,284

    Ана, те разбирам, ама поентата ми беше зошто не обична, зошто баш газирана?

    А инаку и јас ги правам како твоите, основа сирење-југорт-изварка, во зависност што имам+ што ми се наоѓа во моментот во фриждер :) било шунка, печурки, јајце ;)
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Joined:
    Sep 20, 2010
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    1,557
    Леле темата е супер обожавам макарони ај дај ако некој знае рецепти за сосови или нешто слично за варени макарони :*
     
  15. elygj

    elygj Истакнат член

    Joined:
    Feb 24, 2010
    Messages:
    452
    Likes Received:
    68

    Ана, те разбирам, ама поентата ми беше зошто не обична, зошто баш газирана?[/quote]
    Па демек од газирана вода поубаво ќе се свареле.Јас кога го зедов рецептот така ми кажаа и така ги правам :^)
     
  16. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Joined:
    Jun 30, 2010
    Messages:
    461
    Likes Received:
    262
    Gender:
    Female
    Истураш половин кесе макарони и ги вариш а потоа ги цедиш,во друг сад истураш едно канче кисело млеко и 3јаца ги кршиш и ги мешаш со киселото млеко.Макароните во загреана рерна и зејтин во тавата ги потпечуваш околу десет минути ги истураш киселото млеко и јајцата иоставаш да се печат од време на време ги погледнуваш и ке знаеш кога се готови за да не ти се залепат печиги околу 20минути.
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2010
    Messages:
    4,832
    Likes Received:
    10,129
    Gender:
    Female
    Е јас ги обожавам варени ама направени по мој вкус.

    1.Кога ќе се исцедат убаво, во тенџерето ставам малку маргарин да се растопи. Потоа ги враќам макароните во тенџерето и мешам убаво, за да се измастат сите.
    Земам околу 2 големи лажици павлака и ги ставам во тенџерето и меѓшам многу, за дас е стопи тоа убаво. Од горе ставам пармезан или рендан кашкавал и колку за вкус поросувам со оригано.
    Можам да се удавам во ова. :lol:



    2.Исто така, ги обожавам со презле. Значи макароните ги варам и ги цедам.
    Во мало тенџерче или од оние росфрај чинии растопувам маргарин, да речеме 100 гр. Додавам презле (лебни трошки) и ги пржам во растопениот маргарин (а може и путер), додека да добие убава кафена боја.
    Така, го додавам во макароните и мешаааам многу. Вака се јадат со рендано сирење. По елба може и кечап :)
     
    WarriorAngel likes this.
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159

    Макарони и брокули ми се омилена комбинација, баш ке го пробам твојов рецепт. :)

    Јас ги варам макароните, а во тенџера настрана ставам хопла, сол , црн пипер, ситно сецкана салама и обарена брокула, и мешам додека се згусне. Потоа сосот го ставам врз макароните... и прекраснотии. Ама да напоменам дека неможе да се јаде многу количински :)
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,817
    Маја, пробај го, немаш што да расипеш а верувај дека е вкусно, а сепак толку едноставно.
    Доколку немаш шунка ниту шампињони сосема е доволна брокулата и секако кашкавалот ;)
    Инаку да и така може. Абе после нека ме праша некој зошто обожавам тестенини?! Милион начини како да ги подготвиш и импровизираш.

    Па да не известиш како ти се допаднало јадењево, ама верувам ќе ти се допадне штом си љубител на брокулата :)
     
  20. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Joined:
    Dec 30, 2010
    Messages:
    1,226
    Likes Received:
    745
    да ви кажам како ги подготвувам јас макароните.... земам една глава кромид ја запржувам малку додавам еден изрендан морков и тој малку го попржувам и го додавам меленото месо го испржувам убаво и откако ќе го испржам додавам брашно една неполна лажица потоа малку сенф и на крајот црвен пипер а сето тоа е направено по вкус со сол вагета црн пипер кој што си сака и после сето тоа го замешувам со макароните и ја додавам претходно зовриената водаи ги ставам во фурна а на сличен начин ги приготвувам и за јадење без леб како шпагетите.... ставам вода да зоврие откако ќе зоврие ја зачинувам со вегета сол и ги додавам макароните д асе варат во мегувреме запржувам мелемо месо и на него му додавам сол и вагета и откако ке се испржи му ставам пола шише од тие пивските домашен сос малку кечап и две лажици ајвар и откако сето тоа ќе се припреми и макароните ќе се сварат и ќе ги исцедам заедно разбркувам се и јади после премногу се вкусни