Дали некој ги има користено овие маскарите во боја на Мејбилин? Конкретно таа на тегет ме интересира, дали остава интензивна боја и какви се трепките? Досега немам во боја користено на толку фалење по нет добив желба да пробам.
Body на Мејбилајн предобра. Препорака од мене,не ги слеува, убаво ги раздвојува и издолжува трепките и навистина трае. Лесно се чисти, секој ден ја нанесувам, не се засушува, ниту лепи. Трепките се баш видливи и впечатливи.
Не ја зедов оваа бидејќи во дм имаше два вида скај и не бев сигурна која амбалажа е. А претходно ја зедов со жолта амбалажа bubble и ич не ми се допадна. Сега ја зедов панорама. И оваа не ми се допадна толку колку што е фалена. Кога ја вадам ми излегува со се трепки. А не дека ми даде којзнае каков волумен. Какви не маскари сум пробала како таа од голден роуз 3D маскара што ми ги правеше трепките убави. Никоја до сега. А ја плаќав смешни 150 ден. Не знам дали постои уште и дали е со ист квалитет.